Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ал Пачино објасни што се случило во најтензичниот момент на „Оскарите“
Магазин

Ал Пачино објасни што се случило во најтензичниот момент на „Оскарите“

12/03/2024

AA

Ал Пачино ги збуни присутните на „Оскарите“ кога го прогласи најдобриот филм на годината. Имено, актерот не ги читал филмовите номинирани во таа категорија, туку само го прогласил победникот.

„Моите очи го гледаат ‘Опенхајмер’“, рече Пачино, но тогаш на некои не им беше јасно дали ги потсетува номинираните или го објавува победникот. Многумина го критикуваа велејќи дека го уништил најтензичниот момент на „Оскарите“ и со својот потег ги оштетил номинираните бидејќи требало уште еднаш да ги именува, без разлика што „Опенхајмер“ бил познат како голем фаворит.

83-годишниот актер сега проговори за виралниот момент во изјава објаснувајќи дека тоа е одлука на продуцентите, пренесува „Варајети“.

„Само сакам да бидам јасен дека не ми беше намерата да ги изоставам, одлука на продуцентите беше да не ги повторам како што беа поединечно истакнати за време на церемонијата. Беше чест да се биде дел од вечерта и решив да го следам начинот на кој тие сакаа да им биде доделена оваа награда“, изјави тој.

„Разбирам дека да се биде номиниран е главна пресвртница во нечиј живот и да не си целосно препознаен е навредливо и болно и пропуст и затоа сметав дека е потребно да ја дадам оваа изјава“, додаде тој.

Една од продуцентите на „Оскарите“, Моли Мекнирни, сопругата на водителот Џими Кимел, објасни дека тоа е креативна одлука бидејќи се плашеле дека шоуто ќе трае предолго.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy