
Активни три пожари во Македонија вечерва!
На територијата на Република Северна Македонија имаше вкупно 25 пожари на отворен простор, велат од ЦУК.
3 активни
5 под контрола
17 изгаснати
Активни: 3
1. Општина Василево, Општина Радовиш и Општина Берово – с. Нивичино на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, друг крак према с. Градешница (Општина Новаци) и трет крак према границата со Р. Грција. Не се интервенира поради детонации (мешана шума);
3. Општина Прилеп и Општина Кавадарци – помеѓу селата Царевиќ, Смолани, Радобил и Дрен (Општина Прилеп), и Галиште и Трстеник (Општина Кавадарци) (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
Под контрола: 5
1. Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Општина Штип – помеѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
3. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);
4. Општина Македонски Брод – помеѓу селата Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Македонска Каменица – с. Ќосевица (борова шума);
Изгаснати: 17
