
Активни шест пожари во Македонија – четири изгаснати
Според добиените податоци, на територијата на државата се евидентирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.
6 се активни,
4 се под контрола,
4 се изгаснати
АКТИВНИ ПОЖАРИ (6):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки, ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Македонски Брод – с. Црешнево (ниска вегетација)
4. Општина Штип – меѓу селата Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
5. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума)
6. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација)
ПОЖАРИ ПОД КОНТРОЛА (4):
1. Општина Прилеп – меѓу селата Царевиќ и Смолани, м.в. Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Македонски Брод 1 – меѓу селата Локвица, Крапа и Црешнево (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
3. Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
4. Општина Желино – меѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
ИЗГАСНАТИ ПОЖАРИ (4):
1. Општина Ресен – с. Долно Перово (трска и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово (мешана шума)
3. Општина Кочани 1 – с. Нивичани (ниска шума и сува трева)
4. Општина Кочани 2 – кај ДООЕЛ „Стоименов“, Кочани (сува трева)
