
Активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита
Денеска е активиран ЕУ механизмот за цивилна заштита, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.
Како што вели, побарана е помош во воздухоплови.
„Денеска го активиравме ЕУ механизмот за цивилна заштита бидејќи превентивно да видиме дали може некоја од државите да ни понуди помош затоа што засега имаме најава и доколку таа е неопходна пред се побарување помош во воздухоплови, бидејќи сикли на земја се уште имаме доволно, но и тие се исцрпени бидејќи ова трае секојдневно“, порача Ангелов.