![Ако ВМРО-ДПМНЕ направи Влада по две години ќе ја променат програмата, зошто?](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/03/stefan-andonovski-1-850x560.webp)
Ако ВМРО-ДПМНЕ направи Влада по две години ќе ја променат програмата, зошто?
Две години по владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ќе направиме репрограма на програмата која ја нудиме сега. Ова го најави вечерва во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21, Стефан Андоновски дополнителен заменик министер во МИОА и меѓународен секретар во ВМРО-ДПМНЕ.
„Со тој репрограм ние ќе можеме да ги планираме наредните две или четири години. Да бидам искрен со вас и со гледачите, ние не знаеме што ќе начекаме внатре во институциите“, изјави Андоновски во нашето студио.
Тој додава дека многумина зборуваат дека институциите комплетно се разградени внатрешно.
„Дознаваме дека процесите ги водат двајца или тројца во институцијата кои преостанале и не побегнале или во приватниот или во странство. Не знаме како стоиме со долговите на тие институции кои не се јавни, во смисла на доспеани фактури кои не се прокижени“, додава Андоновски.
ТВ21: Но, тоа не може да биде алиби за да не ја реализирате програмата?!
Андоновски: Напротив, тоа ќе биде можност, инпут плус да имаме подобра програма во 2026 година, за дореализирање до 2028 година затоа граѓаните не треба да очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ волшебни или магични решенија на овие избори, туку треба да очекуваат една реална, тврда програма која ќе значи решавање на клучните проблеми кои граѓаните ги имаат.
Тој додава дека партијата нема да се расфрла на овие избори со ветувања за кои е сигурна дека тешко може или воопшто не може да ги реализира.