Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО СЕ ЗНАЕЛО ОДНАПРЕД, ЗОШТО НЕ СЕ ДЕЛУВАЛО НА ВРЕМЕ? Грчкиот сектор за борба против спортско насилство уште во неделата знаел за пристигнувањето на навивачите во Атина
Регион

АКО СЕ ЗНАЕЛО ОДНАПРЕД, ЗОШТО НЕ СЕ ДЕЛУВАЛО НА ВРЕМЕ? Грчкиот сектор за борба против спортско насилство уште во неделата знаел за пристигнувањето на навивачите во Атина

09/08/2023

AA

На пристаништето во Игуменица синоќа биле уапсени уште петмина хрватски државјани под сомнение дека учествувале во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта, додека пак они кои веќе беа уапсени во Атина, над 90 лица, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. 

Грчката полиција е во потрага по сторителот на убиството на 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК кој беше прободен со нож пред стадионот, па затоа властите во Грција ги зголемиле контролите на сите излезени точки од земјата за да не им дозволат на хрватските навивачи на Динамо Загреб, кои можеби учествувале во немирите, да побегнат од државата. 

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека при контрола на патниците кои со траект од Игуменица ќе патувале за Бари во Италија, било констатирано дека петмина хрватски државјани на возраст од 25 до 41 година, не можеле да ја оправдаат причината и времетраењето на нивниот престој во Грција и дополнително рекле дека биле на одмор и без никаков багаж се враќаат во нивната земја.

Токму затоа биле сомнителни дека можеби учествувале во инцидентите во Атина и биле уапсени. 

Паралелно, на граничниот премин со Албанија, вчера бил уапсен 19-годишен Хрват, исто така под сомнение дека учествувал во инцидентите во Атина, со што вкупниот број на уапсени е над 100 лица.

Денеска се очекува пред јавен обвинител да бидат изведени 94 од уапсените во понеделникот вечерта, а поголемиот број од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека процените се дека најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, а во тек се лабораториските испитувања и анализи на ДНК и други докази за откривање на сторителот на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

Министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ синоќа рече дека постоел „трагичен неуспех“ на полицијата да го спречи и запре патувањето во Атина на навивачите на Динамо Загреб, но говореше и за оперативни грешки и неискористување на информациите.  

За пропустите на грчката полиција, сведочат и документите објавени во медиумите, според кои полицијата била информирана дека во Атина доаѓаат навивачи на Динамо Загреб, информации кои стигнале и од хрватските и од црногорските власти.

Аналитичарите од Секторот за борба со спортско насилство уште во неделата знаеле и информирале дека најмалку 100 хрватски хулигани на Динамо Загреб ќе пристигнат во Атина, од хрватската полиција соопштија дека до нивните грчки колеги уште од 4 август испратиле предупредување, додека пак црногорските власти ја информирале грчката полиција за „потенцијално пристигнување на  100-200 ризични фанови, членови на организираната група на Динамо Загреб Bad blue boys“.

Во дописот испратен во вторникот наутро, Подгорица не само што ја информира Атина за групата, туку и детално ги наведува возилата на Хрватите, односно марките и регистарските таблици на 22 хрватски автомобили.

Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнаа по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија, без никој да ги запре за контрола иако од УЕФА имаше забрана за патување на навивачи.

Со одлука на надлежниот министер вчера беа сменети седуммина одговорни во грчката полиција односно надлежниот за справување со спортско насилство и одговорните во сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт.

Во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта беше убиено едно лице, а осум беа повредени, од кои четворица уште се во болница.

Натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб беше одложен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy