
Ако Реал не го земе летово Белингем ќе го ангажира Тилеманс и тоа – бесплатно
Според информациите на „Дефенса Централ“, белгискиот репрезентативец Јури Тилеманс од Лестер е опција за Реал Мадрид за засилување во средниот ред ако не успеат да го донесат Белингам, кој останува приоритет.
Ова е опција која може и да им заштеди многу пари, зашто Тилеманс летово станува слободен играч и веќе одби опција за продолжување на соработката со „лисиците“, па за него Реал не би платил ни цент.
Мадриѓаните се обидуваат да ја убедат Борусија Дортмунд да им го даде Белингам за помалку пари, а Ливерпул исто така многу сериозно е заинтересиран, па одредени медиуми најавуваа дека „црвените“ дури се и поблизу за да го ангажираат англискиот репрезентативен фудбалер за врска.