Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ – еве што вели министерката за финансии за платите
Економија

„АКО ПРОДОЛЖИМЕ СО ВАКВА НАПЛАТА НА ПРИХОДИТЕ, МОЖЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ПОГОЛЕМИ ПОКАЧУВАЊА“ – еве што вели министерката за финансии за платите

14/10/2024

AA

Ако не оваа среда, тогаш кон крајот на месецот Предлог-буџетот за 2025 година ќе се најде на владина седница посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска.

Како што изјави Димитриеска Кочовска, контурите на буџетот се во рамки на фискалната стратегија, а приоритет за покачување на платите ќе имаат образованието и здравството.

-З аконскиот рок е најдоцна до 15 ноември. Се подготвуваме за Владата во среда, но не можам ништо да ветам, бидејќи има ситници што треба да ги издоговориме уште еднаш со некој од министрите каде што требаше уште нешто да биде скратено, така што доколку не успееме за оваа среда, следната недела нема да бидам тука, значи ќе му дојде некаде на крајот од месецот, вторникот, да се најде буџетот на владина седница.

Во однос на контурите, може да се отвори Фискалната стратегија, генерално се движиме во тој круг, тоа што беше предвидено и веќе е објавено и помина веќе на Влада, така што контурите на буџетот за 2025 се во рамки на тоа што е во официјалната стратегија – истакна министерката.

Во однос на платите, напомена дека најобесправени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството.

– Во однос на покачувањето на платите, зборувавме во повеќе наврати дека сметаме дека најобесправени или најмногу погодени или институции на кои најмалку се внимаваше во изминатиот период беа образованието и здравството и токму сме фокусирани во тој дел. 

Во делот на образованието веќе имаме информација за договорот што го постигнавме, очекуваме сега и за здравството да видиме во која насока. Кога зборувам за здравство би потенцирала дека станува збор за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам зашто тие во минатото имаа повеќе покачувања. 

Не велам дека можеби нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри – потенцира министерката, одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на резултатите од работата на Царинската управа.

Според неа, ако наплатата на приходите продолжи како во првите сто дена, можеби ќе може да се зборува за покачување на платите и во други сектори.

– Не можам да зборувам ништо однапред. Сега ги разгледуваме бројките. Ако продолжиме со ваква наплата на приходите, можеме за многу различни работи да разговараме во иднина и за поголеми покачувања, но тоа што е во овој момент, значи само за 100 дена ако сме успеале да направиме поголема наплата во Буџетот, можете да замислите какви ни се очекувањата за 2025-та, со воведувањето на е-фактурата.

Уште многу, многу повеќе, така што 2026-та, 2027-ма можеби ќе можеме да зборуваме за покачување во рамки на други сектори – рече Димитриеска Кочовска. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy