
АКО ПЛАНИРАТЕ ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Грчката влада ги зголемува туристичките такси
Има промени кај јужниот сосед за новата туристичка сезона. Грчката влада ги зголемува туристичките такси.
Туристичката такса за најевтините ноќевања во апартманите ќе поскапе од 0,50 на 1,50 евра за ноќ, а за ноќевања во хотели со пет ѕвезди од четири на десет евра од ноќевање, објавија медиумите.
„Грчката влада има намера да ги зголеми туристичките такси и очекуваниот приход од 600 милиони евра да ги насочи кон фондот за поправка на штетите предизвикани од климатските промени“, изјави премиерот Киријакос Мицотакис.
Премиерот изјави дека нивни приоритети во планот за брза помош ќе бидат „најбрза можна мобилизација за спасување животи во катастрофите со кои ќе се соочиме во иднина, обезбедување финансиски средства и сеопфатен одбранбен план против климатската криза“. Мицотакис додаде и дека владата има намера да обезбеди 3,3 милијарди евра за санирање на штетите предизвикани од поплавите во Тесалија летово. Парите треба да се добијат од фондовите на Европската унија и од буџетот. Обилните дождови на почетокот на септември предизвикаа поплави во Тесалија, во кои загинаа 17 луѓе.
Според анкетата спроведена од Институтот за грчки туризам, минатата година, патувањата на туристите со автомобил му донеле на грчкиот туризам над 15 милијарди евра, а околу три милијарди евра од нив се слеале во грчкиот буџет.
foto freepik.com/vwalakte
