Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО НЕМА ПРОШИРУВАЊЕ, ТОГАШ ДА ВИДИМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА Николоски на Виенскиот економски форум побара јасен став на ЕУ за проширувањето
Македонија

АКО НЕМА ПРОШИРУВАЊЕ, ТОГАШ ДА ВИДИМЕ ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА Николоски на Виенскиот економски форум побара јасен став на ЕУ за проширувањето

17/11/2025

AA

На земјите од Западен Балкан им е потребна силна економска соработка,  повеќе инвестиции, поголема трговска размена, повеќе бизниси и тоа е нешто што ќе придонесе кон поголема демократија, просперитет, владеење на правото и заедничка соработка меѓу нас.  Никој не веруваше дека во 21 век на европска почва ќе има војна, наместо да зборуваме за економија, зборуваме за војна. Ова е аларм за сите нас, истакна вицепремиерот Александар Николоски во своето експозе на отворањето на Виенскиот економски форум.

Тој рече дека перцепцијата од придобивките од членството во ЕУ е се уште голема, но ги кажа и проблемите со кои Македонија се соочува на патот кон ЕУ.

Сепак, рече тој, економската соработка е клучен фактор за стабилизација и соработка меѓу државите.

– Мислам дека никој не веруваше дека во 21-от век ќе има војна на европско тло и мислам дека таа перцепција дека само позитивни работи ќе се случуваат во Европа, дека ќе има постојан економски раст, дека ќе зборуваме само за прашања поврзани со храна, остави простор за Европската Унија да биде релаксирана, да остави процесот да тече сам, ако се случи – добро, ако не се случи – нема проблем, секако се дел од континентот, сега зборувам за целиот Западен Балкан, но она што се случи во 2021 година, сметам дека е аларм за сите нас, бидејќи мислевме дека нешто сме оставиле зад нас, а тоа ни се враќа. Повторно зборуваме нуклеарни проби, ракетни системи, за радари, дронови, анти-дронови, зборуваме за војна, за милиони изгубени животи – рече Николоски.

Тој смета дека Западен Балкан е најслабиот дел од европскиот континент, но земјите од регионот на секоја средба добиваат само убави зборови за проширување што влијае на позитивното јавно мислење за ЕУ.

-Така беше во 2000 на Самитот во Солун, потоа во 2007 кога се приклучија Бугарија и Романија, ни велеа дека ние сме следните, а да не ви ги кажам сите отворени прозорци за кои сме слушале и сите клучни моменти- рече Николоски.

Тој додаде дека она што е позитивно е што енергијата во регионот се’ уште е висока, јавното мислење е во полза на приклучување на Европската Унија и другите сили се’ уште не ѝ се конкуренција на ЕУ.

–   Но прашање е дали тоа ќе биде засекогаш и затоа сметам дека треба да бидеме мудри и храбри, но и да зборуваме отворено и директно и да бидеме фер: ако нема проширување, тогаш да видиме што ќе се случува, ако е пакет, тогаш да дискутираме дали може да функционира или не. Подобро е на луѓето да им се каже вистината отколку постојано да ги лажеме или да им даваме лажни ветувања или да подгреваат очекувања кои потоа нема да се остварат. И затоа сметам дека економската соработка е суштината на приоритетот во регионот – рече тој.

Николоски зборуваше и за иселувањето и инвестициите во земјава и регионот.

– Ќе ви кажам еден мал пример: пред еден месец имавме локални избори и некои општини немаат градоначалник бидејќи не можат да дојдат до цензус од 33% излезност. Зошто? Најголем дел од луѓето не се тука, преселени се во централна или западна Европа. Затоа мислам дека е важно да се фокусираме на економијата. Австрија игра огромна улога во регионот, многу австриски компании се присутни во регионот, работат добро, добредојдени се и мислам дека тоа е најдоброто што можеме да го направиме заедно – да носиме повеќе инвестиции, да имаме поголема размена, повеќе бизниси, што мислам дека потоа ќе придонесат кон други работи што ги споделуваме – демократија, просперитет, владеење на право и заедничка соработка меѓу нас – рече Николоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
Македонија

Одбраната на случајот „Онкологија“ тврди дека не може да има

26/08/2026
Македонија

48-годишен маж од Прилеп во повеќе наврати извршил обљуба врз

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45274
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да застанете на 10 минути само

26/08/2026

Од 1 септември стапуваат на сила нови правила за сообраќај и паркирање на пристапната улица пред терминалната зграда на Меѓународниот

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во Скопје

26/08/2026

Граѓаните од денеска можат во секое време и на едно место да ја следат епидемиолошката состојба со западнонилската треска во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy