Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „АКО ИМА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИМЕ“: премиерот за Законот за нефер практики
Економија

„АКО ИМА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ЌЕ ГО ОДЛОЖИМЕ“: премиерот за Законот за нефер практики

05/09/2024

AA

Примената на Законот за забрана на нефер трговски парктики би можел да се одложи доколку има објективни причини, кажа денеска премиерот Христијан Мицкоски и нагласи дека важно е примената да биде како што треба. 

– Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи само да биде имплементирано како што треба. Ова е закон донесен од претходната Влада. Ако објективно неможе да се примени нема со сила нешто да правиме, ако навистина нема можности така ќе постапиме – изјави денеска Мицкоски, на новинарско прашање за писмото што му го упатил претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески дека е краток периодот за прилагодување кон новото законско решение.

Мицкоски напомена дека го нема добиено писмото, но оти ќе го прочита со големо внимание откако ќе го добие и ќе ја искоментира содржината.

Како што нагласи, нефер трговските практики треба да престанат.

– Ако мислите на оние појави што се случуваат кај трговските ланци кои продаваат производи без разлика дали се од македонско или од увозно производство, па за привилегирана местоположа на рафтовите наплаќаат одредена цена и се согласувам  дека тоа претставува нефер трговска практика. Таа нефер трговска практика треба да престане. Не можеме едни производи да ги ставаме на крај, а други кои ќе платат повеќе да ги ставиме во центарот и на тој начин да бидат привилегирани и да се зголеми и цената на производот – рече Мицкоски.

Истакна дека Владата има одлична комуникација со стопанските комори и најави дека ќе има средба со сите во следниот период за финансиската поддршка за стопанството што ќе следува и за натамошно градење партнерски однос. 

– Полека но сигурно оние развојни половина милијарда евра што се земени како кредит под исклучително ниски каматни стапки ќе бидат ставени на располагање на стопанството преку комерцијалните банки. Сакаме да градиме партнерски однос со бизнис заедницата – рече Мицкоски, на прес-конференција во Владата за повикот за користење буџетски средства за инфраструктурни проекти во општините. 

Законот за забрана на нефер трговски практики беше изгласан на 13 март годинава, а при крај е шестмесечниот период за прилагодување и старт на примената. 

Во законот се уредени правилата и мерките за спречување на наметнување нефер трговски практики, кои отстапуваат од доброто трговско однесување, се утврдуваат нефер трговските практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи со чие наметнување се искористува значителната преговарачка моќ на купувачот во однос на неговите добавувачи, постапките за утврдување нефер трговски практики, како и соработката помеѓу надлежните органи за спроведување на надзорот над примената на нефер трговските практики. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy