Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН БАЛКАНОТ Освен превозниците, проблем се и тарифите за челик
Македонија

AKO E ЕУ ИСКРЕНА, НЕМА ДА ПРИМЕНИ НЕГАТИВНИ МЕРКИ КОН БАЛКАНОТ Освен превозниците, проблем се и тарифите за челик

26/01/2026

AA

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Европската унија активно се комуницира за решение за мерките што се најавени за нашите превозници како и за тарифите за извоз за челичната индустрија. Притоа, како што вели, се укажува, дека во случај на нивна примена ќе платиме цена која ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст.

Муцунски во гостување на ТВ Сител вечерва рече дека се надева на некаков исход бидејќи од ЕУ било укажано дека се свесна оти има проблем и дека се работи на изнаоѓање решение.

Според Муцунски, ако се искрени намерите за интеграција на регионот ЕУ нема да дозволи да се применат мерки кои толку негативно ќе влијаат економски.

– Не е само проблемот со превозниците, имаме уште еден предизвик – потенцијалната примена на тарифи од ЕУ кон земјите од регионот за извоз на челик. Ова не се применува само кон нас туку кон сите земји кандидати и земји од регионот на Западен Балкан. Од септември активно комуницираме и по однос на овие две клучни прашања со Европската унија. Меѓу другото ѝ кажуваме на ЕУ, дека, со максимална почит кон Планот за раст, што го сметам за многу позитивен и многу значаен, доколку се примени оваа мерка кон нашите превозниици и доколку се примени мерката за тарифите врз челичната индустрија ние ќе платиме цена која ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст. Истатата ЕУ којашто се жали на непринципиелни тарифи, одлучи да не стави не само нас туку цел регион, Србија, Црна Гора, Албанија, БиХ и Косово во група на тарифи со Русија, Белорусија, Северна Кореја, Кипар, и ние со месеци кажуваме на високите претставници дека мора да се најде решение – рече Муцунски.

Тој вели дека тоа прашање е отворано неколку пати на највисоко ниво, како што било случај уште при посетата на претседтелката на ЕК Урсула фон дер Лајен од страна на премиерот Христијан Мицкоски.

– Како земји сме информирани дека ЕУ е свесна дека има проблем и оти работи на изнаоѓање решение. Тоа што не сме задоволни е брзината со која се работи за изнаоѓање на тоа решение но наше е да дискутираме, да апелираме и да нудиме конкретни решенија и по однос на двете прашања и да бидеме унифицирани во ставот како регион. Се надеваме на некој осход. Доколку Европската унија е искрена во намерите за интеграција на регионот секако на краток, среден и долг рок нема да дозволи да примени мерки кои толку негативно ќе влијаат економски врз целиот регион – рече Муцунски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy