Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите
Регион

АКО БИДАТ „ФАТЕНИ“ СО АЛКОХОЛ ВО ЈАВНОСТ ИЛИ ВО КОСТИМ ЗА КАПЕЊЕ- КАЗНА ОД 150 ЕВРА: Хрватска ригорозна и за гласна музика на терасите

30/01/2023

AA

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новото
решение за комунален ред, според кое за прекршителите на мерката се пропишани
повисоки казни.

Така, може да се очекува летово да нема туристи во костими
за капење на улиците, бидејќи доколку бидат „фатени“ од комуналната стража ќе
бидат казнети со 150 евра.

Истата глоба е пропишана и за оние кои пијат алкохол на
јавни места, а казната за шетање кучиња без поводник е согласно одлуката за
условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.

Сплитќани
и нивните гости сезонава ќе бидат надгледувани од 21 комунален чувар на
улиците, а уште 12 ќе чекаат во зградата на градската управа на повик, пишува
Poslovni.hr.

Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за
комунален ред, а минатата година првите „голи“ туристи платија казни од 1.000
куни.

Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на
последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата
година. Како што се наведува,
со оваа одлука е воведен нов концепт на пропишани забрани кои се однесуваат
исклучиво на зоната А која има посебна заштита и на одредби кои се однесуваат
на подрачјето на целиот град.

Меѓу важните
измени беше и забраната за поставување електроакустични уреди на терасите на
угостителските објекти во зоната А, што значи дека на тие места не може да се
користат звучници и засилувачи.

Според одлуката,
дозволено е изведување музика во живо без електроакустични уреди. Секој
што нема да го почитува ова правило ќе биде казнет со 1.320 евра, а
дополнително одговорното лице ќе се казни со 300 евра, а физичкото лице со 260
евра.

ФОТО: YouTube/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy