Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АКО ЈА РАБОТИТЕ ОВАА РАБОТА, НЕМОЈТЕ ДА СТРАВУВАТЕ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – три дејности остануваат безбедни
Економија

АКО ЈА РАБОТИТЕ ОВАА РАБОТА, НЕМОЈТЕ ДА СТРАВУВАТЕ ОД ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – три дејности остануваат безбедни

16/05/2023

AA

За среќа, има добри вести, експертите тврдат дека се уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна.

Извештајот на Голдман Сакс од март 2023 година процени дека вештачката интелигенција способна да генерира содржина може да изврши четвртина од работите што моментално ги извршуваат луѓето. Низ Европската унија и САД, се наведува во извештајот, може да се изгубат 300 милиони работни места, пишува Би-би-си.

А тоа би можело да биде страшно, вели Мартин Форд, автор на „Правило на роботите: Како вештачката интелигенција ќе трансформира сè“.

„Тоа не е само дека тоа би им се случило на поединци, тоа може да биде доста системско. Тоа може да им се случи на голем број луѓе, потенцијално сосема ненадејно, потенцијално на сите во исто време. И тоа има импликации не само за тие поединци, туку и за целата економија“, вели Форд.

За среќа, има добри вести, експертите тврдат дека сè уште има работи за кои вештачката интелигенција не е способна – задачи кои вклучуваат изразито човечки квалитети, како што се емоционалната интелигенција и размислувањето надвор од кутијата.

„Мислам дека генерално има три категории кои ќе бидат безбедни во догледна иднина. Првата би била работни места кои се навистина креативни: зџначи, ако не работите само шаблонски или доколку нер поместувате само некои работи, туку всушност смислувате нови идеи и градите нешто ново“, вели Форд.

Ова не мора да значи дека сите работни места кои се сметаат за „креативни“ се безбедни. Всушност, нештата како графичкиот дизајн и улогите поврзани со визуелните уметности би можеле да бидат меѓу првите што ќе исчезнат, но постои одредена сигурност во другите видови на креативност. Како што вели Форд, „во науката, медицината и правото … луѓе чија работа е да смислат нова правна или деловна стратегија. Мислам дека сепак ќе има место за човечки суштества“, пишува Пословни дневник.

Друга изолирана категорија, продолжува тој, се работните места кои бараат софистицирани меѓучовечки односи. Ги истакнува медицинските сестри, деловните советници и истражувачките новинари. Тоа се работни места „каде што ви треба многу длабоко разбирање на луѓето“. Мислам дека ќе помине долго време пред вештачката интелигенција да има способност да комуницира на начини кои навистина градат односи“.

Третата безбедна зона, тврди Форд, „се работи кои навистина бараат многу мобилност и умешност и способност за решавање проблеми во непредвидливи средини“. Многу услужни бизниси и трговци – на пример електричари, водоводџии – спаѓаат во оваа категорија. „Тоа се типови на работни места каде постојано се соочувате со нова ситуација. Тие се веројатно најтешките за автоматизирање. За да ги автоматизирате задачите како оваа, потребен ви е научно-фантастичен робот. Треба да користите C-3PO од Star Wars“, вели Форд, пренесува Пословни дневник.

Фото: EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy