Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакнење на македонската берза на електрична енергија – придобивки при јавните набавки
Економија

Јакнење на македонската берза на електрична енергија – придобивки при јавните набавки

27/01/2025

AA

Министерството за
енергетика, рударство и минерални суровини, Националниот оператор на пазар на
електрична енергија-МЕМО ДООЕЛ Скопје и Бирото за јавни набавки, организираа
настан на кој беа презентирани придобивките од работата на домашната берза на
електрична енергија, со акцент на идните заеднички активности на трите
институции кои треба да придонесат во унапредување на македонскиот пазар на
електрична енергија.

На настанот беше
промовирана важноста институциите и компаниите, при процесот на јавна набавка
на електрична енергија, да применуваат стандардни тендерски правила преку кои
договорите за снабдување со електрична енергија би се индексирале согласно
податоците на македонската берза на електрична енергија – Индекс на МЕМО-Пазар
ден однапред (ПДО). Досегашната пракса, во отсуство на домашна берза на
електрична енергија беше според индексирање на странските берзи на електрична
енергија.

Сања
Божиновска
, министерка за енергетика, рударство и минерални
суровини во своето обраќање истакна дека придобивките од индексирање на цената
на електрична енергија согласно домашната берза се бројни, пред сè со оглед на
тоа што веќе имаме конкурентна македонска берза каде цената по постигнат MWh е
соодветна на реалната понуда и побарувачка на електрична енергија во нашата
држава. Затоа е важно компаниите и институциите кои набавуваат електрична
енергија за сопствени потреби да ги користат можностите на домашната берза за
електрична енергија.

„Важно е
институциите и компаниите, при процесот на јавна набавка на електрична
енергија, да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за
снабдување со електрична енергија би се индексирале согласно податоците на
македонската берза на електрична енергија – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред
(ПДО). Досегашната пракса, во отсуство на домашна берза на електрична енергија
беше според индексирање на странските берзи на електрична енергија. Јакнењето
на македонската берза е од клучно значење за нашиот енергетски сектор. Не само
што обезбедува фер и конкурентни цени, туку и ја зајакнува нашата енергетска
независност.“ изјави Божиновска.

На настанот
присуствуваа претставници на релевантните чинители во секторот енергетика,
државни институции и приватни компании, претставници на стопанските комори како
и општините.

Маре Богева
Мицовска
, директорка на Бирото за јавни набавки подвлече дека
со унифицирана тендерска документација ќе се намалат грешките и
неусогласеностите во спроведувањето на постапките за јавна набавка на
електрична енергија.

„Со примена на
унифицирана тендерска документација за јавна набавка на електрична енергија ќе
се зголемена ефикасноста во спроведувањето на постапките, што води и кон
поголема заштеда на јавните средства“, истакна Богева Мицовска.

Богева Мицовска
посочи дека Бирото за јавни набавки и понатаму останува партнер со учесниците
на пазарот за јавни набавки, со што ја остварува својата цел и мисија.

Управителот на
Националниот оператор на пазар на електрична енергија-МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски,
ги презентираше достигнувањата на домашната берза каде 37 учесници секојдневно
тргуваат, како и важноста од примената на информациите за цената на електрична
енергија во постапките за јавна набавка на електрична енергија од македонската
берза.

„Домашната берза
на електрична енергија, речиси две години обезбедува сигурност и релевантни
цени за секој час од денот. Ценовниот сигнал од пазарот „ден однапред“ кој го управува
МЕМО е клучен индикатор за ефикасно функционирање на електроенергетскиот сектор
во нашата земја. Овој сигнал не само што ги одразува реалните услови на
понудата и побарувачката за електрична енергија, туку и игра суштинска улога во
процесот на донесување одлуки од страна на сите учесници во пазарот,
вклучувајќи ги компаниите-потрошувачи на електрична енергија.

Преку стабилни и
точни ценовни сигнали од пазарот „ден однапред“, обезбедуваме сигурност за
домашните учесници, ја зајакнуваме конкурентноста и ја унапредуваме
подготвеноста за поврзување со регионалните и европските пазари“, рече
Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевки во
својата презентација се осврна и на идните планови и активности на МЕМО, она
што следи е воведување на еврото како валута за тргување, во првиот квартал на
оваа година, пазарно спојување (market coupling) со берзите на соседните земји
и ЕУ, Развој на интрадневен пазар и гаранции за потекло (GOs) од обновливи
извори.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy