Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот, нормално се е побитно од смртта на еден човек, ако треба да се заташка соучество на симпатизер или член на вмро!
Македонија

Јакимовски: Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот, нормално се е побитно од смртта на еден човек, ако треба да се заташка соучество на симпатизер или член на вмро!

25/12/2023

AA

На ул. Пиринска на 24.11. се случило несреќен случај во кои при ископ за изградба на нова зграда, загинал работник кој управувал со багер.

Стевчо Јакимовски обвинива дека во моментите после тоа, елката, проектот во Карпош и се останато било само праван за она што се случило.

Целиот статус на Јакимовски во продолжение:

„Елката! Елката! Елката!

Се чудам зошто толку беше битна елката во измимативе 20ина дена. Таа го преокупира јавниот простор, а особено предњачеа опозиционите медиуми. Денес ми се разјаснија многу работи. Секако не заостануваше ни дупот за Алумина. ПР стручњаците на ВМРО вешто се обидоа да го префрлат интересот на јавноста од нивниот во туѓ двор.

Тивко, речиси нечујно пројде смртта на машинистот кој го управувал багерот кој ја копал дупката за изградба на градежен објект на улица “Пиринска”, спроти Руската Амбасада.

Нормално, се е побитно од смртта на еден човек, зацрнета една фамилија ако треба да се заташка соучество на некој симпатизер или член на Вмро. Штом е нивни човек, смртта е споредна работа. Исто онака како што беше смртта на Мартин Нешковски.

Повторно се потрудија максимално да ги прикријат погибјата на кутриот работник. Се прашувате кој е толку важен за Вмро.

Тој не бетонизира, не е урбан мафијаш, а како што слушам тој е еден од најголемите донатори на неговата партија.
Тој истиот гради и во Општина Карпош, кај бензиската во Козле, градеше и во Тафталиџе и нема ни оф ни леле, не им треба ни трева, ни дрва, ни паркинзи ниту воздух, бидејќи истиот како што велат е и бизнис партнер со еден од потпретседателите на ВМРО.

Претпоставувам нивната процена е вреди да се мижи, не со едното туку со двете очи и јазикот да се држи позади забите затоа што се работи за Ивица Георгиевски со партизанско име – Фреди.

Јавноста мора да знае. Дали е точно дека ископот се вршел без одобрение за градба и истата е изградена подоцна?
Дали е точно дека е вршен притисок врз надлежни институции да се минимизира и случајот да се стави на спореден колосек?
Дали е точно дека фрчеле пари, станови и што уште не за заташкување на смртта на машинистот?

Ајде пријатели, мераклии за камери, за двобои, лаги и разни првљаштини, отворете си ја устата и кажете затоа што ние ќе ја отвориме и ќе кажеме“, напиша Јакимовски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy