Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Советот на Карпош да го оспори пред Уставен суд ДУП-от во Ѓорче затоа што го загрозува животот на карпошани
Македонија

Јакимовски: Советот на Карпош да го оспори пред Уставен суд ДУП-от во Ѓорче затоа што го загрозува животот на карпошани

19/02/2024

AA

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот  за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани  три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.

–        На криминален начин го донесоа ДУП-от кој се наоѓа во непосредна близина на населбата Влае, односно на границите со Општина Карпош, каде се предвидуваат 30-тина згради кои ќе бидат со по 20 ката, 17-ката, меѓутоа најголемиот проблем е тоа што се предвидени три големи хемиски фабрики и каде што според Урбанистичкиот план се наоѓа тешка и незагадувачка индустрија. Проблемот е што овие хемиски фабрики ќе ја загрозуваат Општина Карпош, но во исто време се во близина на бунарите Лепенец и Вардар од кое што над 30 % од потребите на Скопје во летните периоди се надоместува токму од ова бунарско подрачје и од каде што имаме исклучително квалитетна вода за пиење. Јас сум разочаран што ниту иницијативата О2, ниту независните советници од Општина Карпош, ниту претставниците од Левица, ниту претставниците на ВМРО-ДМПНЕ, досега немаат никаква реакција во однос на Урбанистичкиот план кој што го загрозува животот на граѓаните на Општина Карпош, особено на жителите на Влае. Очигледно, јас како градоначалник морам да реагирам и да побарам итна и вонредна седница од претседателот на Советот, од господинот Бранко Ристов кој е член на Левица и кој јавно велеше дека му се може да не се градат и да не се реконструираат ниту куќи во Општина Карпош, а сега немаат ништо што да кажат, ниту било каква иницијатива ниту било каков збор, за овие облакодери кои ќе се градат во непосредна близина на Влае, како и на овие две фабрики кои би ја загрозувале директно нашата Општина. Барам од претседателот на Совет, да свика итна седница и да донесеме одлука со кој овој Урбанистички план за прв пат, ние како Општина, би побарале поништување на Уставниот суд, бидејќи планот, советниците таму немале доволно време да го видат, закажана е седницата на 16-ти, а донесен е на 17-ти. Градот Скопје не дал свое мислење кој е надлежен да даде свое мислење кога се работи за фабрики кои треба да се градат, а се во непосредна близина на бунарите Лепенец- Вардар, и што е најважно, граѓаните мора да знаат таму над 100.000 метри квадратни, над 10 хектари, ќе се купи земјиште по 70 денари по метар квадратен. Таа е уште една огромна далавера која што сака да се направи, а ќе се однесува на штета на граѓаните на Влае и на Општина Карпош, изјави градоначалникот Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy