
Јакимовски: Признавам пораз
Вечерва претседателскиот кандидат на коалицијата Храбро за Македонија на своето второ појавување по затворањето на гласачките места изјави дека прес-конференцијата ја свикал со цел да признае изборен пораз и да ѝ честита на Гордана Сиљановска Давкова за водството во првиот изборен круг и да ѝ посака среќа во вториот круг.
„Дали резултатите се задоволувачки? Според мене се далеку од очекувањата. Сепак, граѓаните имаа можност да избираат помеѓу седум кандидати. Дали биле во право со изборот, ќе видиме по пет години, се надевам ќе бидеме живи и здрави и ќе можеме да констатираме“, рече Јакимовски.
