
Јакимовски: Најголема штета и се прави на земјата ако не се излезе на гласање
Кандидатот за претседател, Стевчо Јакимовски го оставри своето право на глас, а потоа пред новинарите порача дека најголема штета и се прави на земјата ако не се излезе на гласање.
„Многу сум среќен дека денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им е на АСНОМ-ците кои ги удрија темелите на современата македонска држава и го остварија вековниот идеал на македонскиот народ. Еден апел до граѓаните на Република Македонија: Излезете да гласате. Најголема штета се прави на Република Македонија ако не се излегува да се гласа и втората замолница е да се излезе да се гласа „за“, а не „против“. Секогаш кога гласаме против некого секогаш правиме грешки и тие грешки повторно се на штета на државата. Затоа, почитувани граѓани, излезете и дајте го гласот за оној којшто мислите дека ќе биде најдобар претседател, најдобар врховен командант на вооружените сили на Република Македонија“, рече Јакимовски.
