Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокат Панче Тошковски
Македонија

Јакимовски: Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден ја водел адвокат Панче Тошковски

15/05/2025

AA

Легализацијата на еден од објектите за кој бев осуден, ја водел како
полномошник, адвокат Панче Тошковски, човекот кој заедно со Миле Јанакиевски
беше дел од тимот што го изготвуваа законот за легализација, изјави денеска
градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски на прес конференција на која
презентираше нови ексклузивни докази кои ја потврдуваат неговата невиност во
осудителната пресуда.

-Овие докази се однесуваат на постапката водена за легализација на
четирите објекти кои се наоѓаат покрај „Илинденска“. Што е интересно? Интересно
е што легализацијата на еден од овие објекти ја водел како полномошник адвокат
Панче Тошковски. Урбанистичката согласност ја подигнал адвокат Панче
Тошковски, а на пресметката на комуналиите потпишан е Александар Јанакиевски.
Тој е сега раководител на сектор за урбанизам во Гази Баба. Претходно бил
раководител на сектор за урбанизам во Град Скопје, а претходно раководител за
урбанизам во општина Центар, рече Јакимовски.

„Господинот адвокат, сега министер Панче Тошковски, не го потенцирам за
да го инкриминирам, напротив. Сакам да кажам дека господинот Тошковски ја
познава оваа материја одлично“, нагласи градоначалникот и додаде:

-Тој не би поднел барање за легализација како полномошник на
сопственикот на ДОТ Мебел, ако не е сигурен дека објектот има право на тоа, од
причини што господинот Панче Тошковски заедно со Миле Јанакиевски
учествуваше во тимот што го изготвуваше законот за легализација. И она што е
уште најинтересно, полномошникот Панче Тошковски до нас има доставено изјава
заверена на нотар од страна на сопственикот на објектот дека објектот го поседува
повеќе од 20 години и дека ПОТЕНЦИРАМ објектот е дивоградба!, Значи сега имаме мртва трка меѓу оној што го чита законот и оној што го правел законот. И сега треба да погодиме од прилика кој подобро ја познава оваа материја. Ова е уште еден доказ дека во моментов оваа пресуда е само политичка и ништо повеќе и ова само покажува дека кога е во прашање струка тогаш адвокат. Панче Тошковски совесно си ја завршил својата работа бидејќи објектот имал право на легализација, рече градоначалникот Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy