
Јакимовски ги собра потребните 10.000 потписи за претседатеската кандидатура
Како што изјави Јакимовски за Канал 5 , денеска ги собрал потребните потписи, како цензус за неговата кандидатура за претседател на Македонија.
Според последните информации од ДИК најблиску до потребните 10.000 потписи е и професорката Билјана Ванковска.
Јакимовски ќе им се придружи на Димитриевски, Таравари и Османи кои веќе обезбедија влез во претседателската трка.
Кандидатите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промовирани викендов за кога двете партии закажаа конгреси.
Крајниот рок за собирање на потписи е 8 март.

