Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал!
Македонија

Јакимовски: Да изградиме регионална НАТО-болница по сите стандарди, да го запреме иселувањето на медицинскиот персонал!

16/04/2024

AA

Кандидатот за претседател Стевчо Јакимовски денеска во изјава за медиумите посочи дека треба да се изгради регионална НАТО болница по сите стандарди.

„Како претседател на Република Македонија и она што е најважно, најголема поддршка ќе имаат младите лекари, поготово специјализантите
коишто навистина во Република Македонија не наоѓаат на разбирање токму од здравствените власти и од Владата. И можете да замислите еден
специјализант кој специјализира шест години да биде без здравствено осигурување, а токму да работи во здравствениот сектор. Тоа е апсолутно недозволиво. Здравствените работници, поготово младите луѓе, не смееме веќе да дозволиме ниту еден млад лекат да се отсели од Република Македонија! Тие треба да добиваат, за време на специјализацијата, пристојна плата, за време на обуките коишто ги имаат, за да тие потоа го превземат теретот на здравството на Република Македонија“, вели Јакимовски.

Тој инсистира да придонесот за здравствено осигурување се врати на 13%.

Тоа значи дека ќе имаме средства доволно и за покачување на платите во здравството и за обезбедување на материјални услови и за специјализација и за праќање во странство на здравствените работници, како и она што е најбитно, за набавка на нова опрема и усовршување на нови методи, инвазивни и неинвазивни методи за лечење на пациентите, како би можеле во што пократок рок повторно да се вратат во функционална способност, односно да се вратат луѓето на своите работни места. Исто така, упатувам најсериозна критика до оние што се крајно
неспособни да 15 години се договараат да изградат клиничка болница и не можат да се договорат за процентите. Најсериозна критика затоа што десет години не можеме да ја изградиме клиничката болница во Штип, тоа се најсериозни критики што треба да ги имаат едни здравствени власти и згора на тоа уште бараат повторно поддршка од граѓаните за да продолжат со својата неспособност и неработење“, додава Јакимовски.

Негов предлог е да изградиме болница по НАТО-стандарди и да стане регионална НАТО-болница во којашто ќе добиеме логистика, во којашто ќе добиеме опрема, во којашто ќе добиваат луѓето специјализации и во којашто ќе има и ќе може да се лечи комплетно безбедносниот сектор на Република Македонија и во исто време таа болница ќе внесува нови знаења и во исто време ќе носи приходи на Република Македонија.

„Значи, здравствениот сектор со намалување на придонесите од 13% на 7,6% буквално го уништивме и дојдовме на најниско рамниште. И во оваа
ситуација кога ни се отселуваат и ни бегаат здравствените работници, не само универзитетските професори, не само специјалистите, туку бега и оној среден кадар и медицински сестри и така натаму. Значи ние мораме да направиме сѐ, ниту еден повеќе здравствен работник да не ја напушти Република Македонија, туку да создадеме материјални услови и претпоставки за да овде ги лечат граѓаните на Република Македонија“, истакна Јакимовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy