
AКЦЕНТ Е СТАВЕН НА ЕНЕРГЕТСКИТЕ ПРОЕКТИ: Министерката Божиновска се сретна со грчката амбасадорка
Министерката
за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес имаше
работна средба со Софија Филипиду, амбасадорка на Република Грција и Василис Гаѕарас, секретар за економски
прашања во амбасадата во Скопје. Во рамките на билатералната соработка меѓу
двете земји, беше потврдено задоволството од досегашната соработка на економски
план, а се разгледаа и можностите за дополнително продлабочување на соработката
со акцент на енергетските проекти.
Се
разговараше за можноста од меѓусебни засилени активности и размена на експерти
од областа на енергетиката и рударството кои треба да дадат значаен придонес врз проектите кои ќе ги реализираат владите на двете земји во претстојниот период.
„Навистина
ми е мило што со претставниците на грчката амбасада делиме исти визии и желба
за зајакнување на меѓусебните дипломатски и економски врски. Всушност, убедена
сум дека само на тој начин, особено со делување на економски план, заедно може
да изјдествуваме значајни придобивки кон граѓаните на двете земји“ – истакна
Божиновска.