
ЏАКАРТА Е НАЈЕВТИН ГРАД ЗА ЖИВОТ ВО СВЕТОТ: Кои места за најскапи?
Платформата Numbeo, која ги анализира цените на светско ниво, објави дека Њујорк, Сан Франциско и Сингапур се меѓу најскапите градови за живот во 2025 година, а Шангај, Мумбаи и Џакарта се најевтините.
Њујорк предничи со повеќе од 5.600 долари месечни трошоци, главно поради високите цени за кирија. Слична е ситуацијата во Сан Франциско, каде што просечните трошоци достигнуваат скоро 4.700 долари. Во Азија, Сингапур е најскапиот град, а во Европа, Лондон се издвојува со месечни трошоци од 4.000 долари. Во Џакарта за живот се доволни 1.000 долари месечно. Во Мумабај се потребни 1.200, а во Шангај 1.500 долари месечно за живот.
Во азиските мегаполиси Шангај, Мумбаи и Џакарта, трошоците за живот се значително пониски во споредба со западните метрополи.
foto Wikipedia

