
Академија ФМП го освои Чаир
Гостите од Кисела Вода беа подобри од Чаир 2030 со 21-16 во првата четвртина, а до полувремето го задржаа водството и на паузата заминаа со 46-42.
Во второто полувреме екипите го менуваа водството, а Академија ФМП во последните 10 минути влезе со 72-69, по што без мака ја задржа предноста и славеше со 99-93.
Коскоски постигна 26 поени за Академија ФМП, додека Реџа и Пајиќ беа лидери кај Чаир 2030 со по 26 поени.