
Јак земјотрес ја погоди Романија
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија. Епицентарот на земјотресот бил на 14 километри од градот Тулници.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 80 километри.
Засега нема информации за материјална штета. „Кратко, но се почувствува“, „Се тресеа прозорските стакла на 4-ти кат“, „Добро се тресеше“, сведочат жителите на Романија.
