Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХВ заплени 37 тони храна: Јаткасти плодови и зачини со истечен рок од пред две години пронајдени при вонредна контрола
Македонија

АХВ заплени 37 тони храна: Јаткасти плодови и зачини со истечен рок од пред две години пронајдени при вонредна контрола

09/11/2025

AA

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) изминатата недела, при спроведена вонредна контрола кај еден оператор со храна, заплениле и нештетно уништиле приближно 37 тони храна.

Како што соопшти денеска Агенцијата, биле запленети и уништени јаткасти плодови, зрнести и мешункасти производи и разни зачини. Причината за запленувањето е што производите биле без декларации, а на голем дел од нив рокот на употреба им бил истечен од една до две години.

За сторениот прекршок, на операторот му е изречена мерка привремена забрана за работа и парична казна. Дополнително, издадена му е и наредба за отстранување на сите утврдени недоследности.

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека во изминатата недела биле спроведени вонредни контроли и кај други оператори со храна – месарници, ресторани, сендвичарници и маркети.

Поради утврдени недоследности, како што се нерегистрирани оператори со храна, неспроведени задолжителни обуки на вработените за безбедност на храната, пуштање во промет на небезбедна храна и слично, операторите со храна и нивните одговорни лица се казнети парично. На дел од нив им се изречени и привремени забрани за вршење дејност.

„Издадени беа и наредби за отстранување на утврдените недостатоци со контролите, а затекнатата небезбедна храна беше нештетно уништена“, наведува АХВ во соопштение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Директна воена закана за копнена Европа нема,

03/03/2026
Македонија

МНР организира евакуација на македонските државјани од ОАЕ: Се подготвува

03/03/2026
Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера,

03/03/2026
Македонија

ТЕЛЕГРАМА ДО СИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ Тошковски бара сите пријавени за семејно

03/03/2026
Македонија

Судот одреди притвор за сопругот на починатите жена и дете

03/03/2026
Македонија

Тошковски со итна телеграма до полициските станици: Нула толеранција за

03/03/2026
Македонија

НАЈДОВМЕ ДРОГА КАЈ ВОЈНИК Армијата со јасна порака дека секое

03/03/2026
Македонија

Завршува голготата на булеварот ,,Борис Трајковски”: Објавена јавната набавка, машините

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42197
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Василевски за 4TV.mk: Директна воена закана за копнена Европа нема, но можен е сериозен економски

03/03/2026

Пензионираниот полковник и поранешен шеф на воено разузнавање Горан Василевски смета дека Иран нема капацитет за војна на повеќе фронтови,

МНР организира евакуација на македонските државјани од ОАЕ: Се подготвува комерцијален лет

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија

Василевски за 4TV.mk: Иранската нуклеарна програма не е од вчера, корените се во 50-тите со

03/03/2026

Пензионираниот полковник и поранешниот шеф на военото разузнавање, Горан Василевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4TV.mk, анализираше дека е тешко

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy