Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХМЕТИ ЖИВЕЕ ВО ФОЛКЛОРОТ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ Муцунски не гледа логика Владата да се избира со Бадентерово мнозинство
Македонија

АХМЕТИ ЖИВЕЕ ВО ФОЛКЛОРОТ ОД ПРЕД 20 ГОДИНИ Муцунски не гледа логика Владата да се избира со Бадентерово мнозинство

22/12/2025

AA

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети уште живее во фолклорот од кога првпат има земено учество во владата од 2002 година, поминати се повеќе од 20 години од времињата во коишто е заглавена неговата свест, вели министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во врска со условот на ДУИ Владата во иднина да се избира со Бадентерово мнозинство во парламентот и Уставниот суд да решава со Бадентерово мнозинство за закони кои се донесени со двојното мнозинство.

– Можеби длабоко во себе знае дека сите овие работи за коишто зборува се нереални, но очигледно се чувствува дека му е стеснет политичкиот простор и нема друга тема на којашто може да дискутира. Јас не верувам дека има во оваа држава млад Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, којшто верува во сите овие работи. Јас знам дека нашите граѓани очекуваат да обезбедиме подобри услови во делот на стандардот на живеење. А овој политички фолклор потекнува од период којшто е од пред 20, па и повеќе од 20 години. Недостатокот на креативност и визија е причината зошто ДУИ е во опозиција. А по оваа реторика којашто доаѓа од господинот Ахмети, тоа што мене ми станува сè појасно, е дека ДУИ уште еден подолг период веројатно ќе мора да остане опозиција – изјави Муцунски во интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ,

Во врска со тоа што актуелната власт има проблеми да изгласа закони со Бадинтерово мнозинство, Муцунски рече дека тој механизам е дел од нашиот уставно-правен поредок.

– Но, истовремено, не е механизам којшто се користи за избор во влада, за гласање во Уставниот суд. Хипотетички, кога би дозволиле Бадентер, Уставниот суд ќе го претвориме во алтернативен, втор законодавен дом во државата. Не е тоа неговата функција. Од уставно-правна гледна точка, апсолутно нелогично е тоа што го зборува господинот Ахмети. Од гледна точка на државното уредување, исто така е нелогично. Неспорно е дека на моменти има одредена комплексност при обезбедување на Бадентер, но, во актуелниот мандат на владата, законите коишто се поврзани со Бадентер во огромен обем се закони поврзани со европската интеграција на државата – закони коишто ќе имаат европско знаменце. И на крајот на денот, ако пратениците од опозицијата одлучат дека не сакаат да поддржуваат закони коишто се дел од европската агенда, тоа е потврда за друга лицемерност. Постојано на прес-конференции повикуваат за забрзување на процесот на европска интеграција, но еве гледаме како за тесни политички интереси не обезбедуваат Бадентерово мнозинство за закони коишто се поврзани со европската интеграција – рече Муцунски.

БАДЕНТЕР ВО УСТАВНИОТ СУД И ПРИ ИЗБОР НА ВЛАДАТА Ахмети поставува услови без кои ДУИ немало да прифати да биде на власт

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy