Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХМЕТИ ЗА КУРТИ: Се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија
Регион

АХМЕТИ ЗА КУРТИ: Се меша во внатрешните работи на Албанците во Македонија

09/01/2024

AA

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, гостувајќи во емисијата „Топ стори“, на албанската Топ чанел, синоќа изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во внатрешните работи на Албанците во Северна Македонија.

-Тој се меша во политичката сцена на Албанците. Еди Рама не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во Македонија, се обиде да ги зближи партиите во Македонија, благодарен сум за ваквиот пристап. Јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година беше мешење во политичката сцена во  Македонија. Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивност, се договоривме со Социјалдемократскиот сојуз, и му дадовме поддршка на Стево Пендаровски за шеф на државата. Може да прават театар, еден вид игра, но знаеме дека на крајот нема победник, рече Ахмети.

На констатацијата дека Курти ја поддржува албанската опозиција тој вели дека не знае дали „Самоопределување“ е регистрирана партија, но е запознат дека „интерес пројавиле многумина од меѓународната заедница“.

-Ова е демократија, ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност на Косово? Како објаснувате? Ме оставија без зборови, одговара Ахмети.

Во однос на европската интеграција тој оценува дека ако се изгласат уставните измени, Северна Македонија во рок од четири години ќе стане членка на Европската унија.

-Со одржувањето на првите меѓувладини конференции на Албанија и Северна Македонија со Брисел, почнуваат промените внатре во овие земји во однос на инфраструктурата, животната средина, владеењето на правото и слично, оценува лидерот на ДУИ.

Ахмети изјави дека без разлика што со години е на чело на ДУИ и ја води политичката сила што ја претставува до политички победи, „неговата фигура не е зацементирана на чело на оваа политичка партија“.

-Не сум доживотно на чело на ДУИ. Но, јас не дојдов со сила во ДУИ, дојдов со даден слободен глас и со директен глас на граѓаните го добив и пратеничкиот мандат. Тука нема сомнеж дека ја почитував волјата на граѓаните, вели Ахмети.

Додава дека со сила не останува на чело на ДУИ, дека статутот на партијата го смениле на последниот конгрес и оти на изборите што одржани пред една година, се гласало под мотото „еден член еден глас“ со тајно гласање. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy