Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети: Во борбата против корупцијата за да биде процесот кредибилен да има и меѓународни експерти
Македонија

Ахмети: Во борбата против корупцијата за да биде процесот кредибилен да има и меѓународни експерти

02/07/2023

AA

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека со меѓународни експерти ќе има кредибилен процес во борбата против корупцијата. Ова го истакна на прес-конференцијата по завршување на внатрепартиските избори на неколку новинарски прашања поврзани со дилемите во јавноста дали има влијание и корупција околу бизнисите на членовите на неговото пошироко семејство и како и другите партиски функционери во ДУИ.

– За да бидеме посериозни, јас сум зборувал и со другите политички партии, за да сите се солидаризираме околу ова прашање-борбата против корупција. Но за да биде процесот кредибилен, да има и меѓународни експерти во тоа, за да овој процес биде доверлив за граѓаните, но и за тие коишто ќе бидат прогласени како виновни бидејќи некој може да каже дека ова е одмазда и затоа побаравме да има експерти од страна на меѓународната заедница, правни експерти кои што би ни помогнале во овој процес. Борбата против корупцијата не е лесна, доколку нема одржливо партнерство меѓу политичките партии. Јас сум кажал дека не се сите ангели во ДУИ но јас имам политички органи, немам јас обвинителски органи. За да биде процесот кредибилен бараме меѓународната заедница да прати, меѓународни експерти за да стане доверлив процесот, рече Ахмети.

Тој воедно истакна дека голем е бројот на функционери на ДУИ кои во изминатите 21 година биле дел од институциите и затоа за сите треба да има истрага.

– Ние официјално, тука во оваа сала е донесена одлука во којашто е побарано да се отвори истрага за сите функционери на ДУИ почнувајќи од мене. Да се почне истрагата, и оваа одлука е поднесено како официјално барање тогаш до Специјалното јавно обвинителство, до Јанева и до Јавниот Обвинител на кој му имам кажано дека ќе ја има мојата поддршка во Парламентот, само доколку отвори истрага за сите членови на ДУИ, почнувајќи од мене па се до последниот функционер во ДУИ, градоначалник, министри, директори. Затоа што не може партијата да биде обвинител. Ова е работа за органите кои се платени за тоа. Ниту може корупцијата поинаку да се победи и затоа јас имав покана до медиумите, ајде да создадеме партнерство, заеднички да се бориме против ова зло, бидејќи тоа се прави со заедничко координирано дејствување на политички партии и медиуми и општество. Нема ниту амнестија ниту засолниште во ДУИ. Но додека не е утврдена вина, ние не може да направиме лов на вештерки. И да ги ставиме на гилотина луѓето, туку да се направи истражен процес за сите тие кои има сомнеж дека злоупотребиле, порача Ахмети.

На новинарско прашање дали е доволна Црната листа на САД, Ахмети рече дека тоа е олеснување.

– И самиот Мерко ја замрзна својата позицијата во ДУИ, за да не се искористи тоа дека е под заштита на ДУИ или под влијание кое може партијата да го има во органите, рече Ахмети.

За барањето на ВМРО ДПМНЕ за одговорност поради бизнисот со фотоволтаици на негови блиски, Ахмети рече дека никој не е под негова лична заштита, ниту на ДУИ.

– Се што е законски треба да се почитува, сè што е незаконски, да се казни. Но јас не можам да забранам никому да имаат своите приватни бизнис ангажмани. Нека излезе кој било да каже дека е злоупотребена некоја институција, компанија во мое име, во име на функцијата која ја имам како претседател на партија или како пратеник тогаш тоа е друго прашање, одговори Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy