
Ахмети: Сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на терен во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“ упати обединувачка и сеграѓанска порака до граѓаните.
Тој вели дека бил, е и секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на Македонците.
„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура….“, вели Ахмети.
Тој додава дека токму затоа сега сакаат да отворат нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.
„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, порача Ахмети.