Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети: Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја
Македонија

Ахмети: Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја

01/02/2023

AA

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, вечерва ги продолжи средбите со граѓаните во општина Брвеница.

Пред присутните, покрај претседателот Ахмети, се обратија и првиот вицепремиер Артан Груби, генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и претседателот на огранокот на ДУИ во Брвеница, Аркин Јахији.

„Секоја добро организирана политичка партија прави програма за тоа како ќе ги води и исполни сопствените платформи за кои разговара со стручни тимови, се со цел да не останат неисполнети ветувањата од програмите кои биле презентирани. Вечерва овде имам многу колеги со кои отпочнав темелна работа во партијата. Овие луѓе кои беа на нашите почетоци, денес ја носат палката на идните млади генерации. Овие средби ни помагаат директно да разговараме и да ги образложиме нивните барања, затоа јас сум тука повеќе од сите министри, заменици и директори да давам одговори. Дваесет години сме носители на процесот, тоа е морална и национална одговорност за она што го постигнавме и што мораме да го постигнеме во иднина, бидејќи политиката е хуманост, етика, морал и наука“, вели Ахмети.

Според него, излегле за заедничкиот фронт за Европа, бидејќи денес е вистинскиот и одлучувачки момент, затоа го започнавме скринингот кој завршува во ноември и меѓувладината средба мора да продолжи за да започне полноправното членство на нашата земја во ЕУ.

„Со самото членството во ЕУ ја запираме миграцијата од нашата земја и помагаме младите генерации да не не напуштат. Имаме морална и национална обврска да ја запреме миграцијата, да ја обезбедиме иднината и да ги помириме луѓето. Да го оставиме минатото зад нас и да гледаме кон иднината за идните генерации да не се занимаваат со детали и препреки, да се потсетиме на крвта на оние кои се жртвуваа за оваа земја, па да се обединиме за ЕУ. И во минатото бевме во тешки периоди на војна. Кризата низ која поминавме со корона вирусот и сегашната криза што ја имаме, за која мислев дека ќе биде полоша, но благодарение на нашите прекрасни тимови имавме супер менаџмент и подобро се справуваме за разлика од соседните земји. Регионот има нерешени проблеми кои мора да се решат, бидејќи во спротивно предизвикуваме нестабилност, па без затворање на проблемот со Косово не можеме да кажеме дека имаме стабилен Балкан, како и без затворање на кризата во Црна Гора и Босна. Кремљ е заинтересиран за поттикнување и активирање на конфликтни вулкани во нашиот регион, затоа мора да работиме за доброто на нашата земја, да изградиме проевропски фронт. Албанците и нивните сограѓани ја испратија државата во НАТО, па сега треба да ја испратиме и во ЕУ, но само со мудра и обединувачка политика. И покрај ризиците, ќе стигнеме до целта бидејќи никогаш не сме го изгубиле патот до некоја дестинација ако сме со добра намера, потенцира Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема

25/01/2026
Македонија

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и

25/01/2026
Македонија

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355

25/01/2026
Македонија

АКО НЕ ПОЧНЕМЕ ДА СЕ МЕНУВАМЕ НА КРАЈ ЌЕ ИСЧЕЗНЕМЕ

24/01/2026
Македонија

КРИТИКИТЕ НА ДИСКУТАНТИТЕ БИЛЕ КОНСТРУКТИВНИ И ДОБРОНАМЕРНИ Филипче задоволен од

24/01/2026
Македонија

НЕМА МЕСТО ЗА ТРОЈАНСКИ КОЊИ ВО СДСМ ИЛИ ЗА ТИЕ

24/01/2026
Македонија

Сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, три

24/01/2026
Македонија

Петровска на 31. Конгрес: СДСМ ќе исчезне, ако не се

24/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 440 тони храна завршија на депонија: АХВ со голема „чистка“ – напишани казни од

25/01/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави фрапантни податоци за безбедноста на храната во земјава во текот на изминатата година.

Атмосфера за паметење на Попова Шапка: Ноќно скијање, оган и забава – младите бараат ваквите

25/01/2026

Викендов Попова Шапка понуди вистинска зимска идила и забава за посетителите. Додека најмладите уживаа во игрите на снегот, страсните скијачи

НАД 125 ИЛЈАДИ КОНТРОЛИ ВО ЕДНА ГОДИНА Уништени над 355 тони храна и казни од

25/01/2026

Над 125 илјади инспекциски контроли биле спроведени минатата година во областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy