Ахмети повикува Албанците и Македонците да се сплотат за Европа
Лидерот на интегративците Али Ахмети од Врапчиште ги повика Албанците, Македонците и сите други етнички заедници да се сплотат на патот кон ЕУ.
Тој истакна дека обединувањето е повеќе од потребно за политиките дома и формирање заеднички европски фронт.
„Ајде да направиме единствен фронт, сите Албанци заедно, да ја повикаме македонската заедница, ако можеме да се обединиме, затоа што заедно ќе ја однесеме земјава во ЕУ. Јас сум за сите заедно да ги оставиме настрана ситниците и да ја зачлениме земјата во ЕУ“, вели Али Ахмети.
Ахмети додаде дека за да се формира европски фронт, и албанските партии треба да ги остават настрана политичките инаети.
„Не треба да се фокусираме за тоа што се случило пред 20, 15 или 10 години бидејќи нема да можеме да се сплотиме. Станува збор за чувствителни работи. Се фокусираш на работи кои не ја фаворизираат иднината“, додава Али Ахмети.