Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ахмети: ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија
Македонија

Ахмети: ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија

01/04/2023

AA

По речиси пет часа заврши седницата на Централното претседателство на ДУИ, по која претседателот на партијата Али Ахмети изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Овој став следи откако еден час претходно дел од членовите на претседателството кои се познати во јавноста како Огнена група рекоа дека ќе функционираат како фракција.

-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.

Иако во моментов фракции не се дозволени, лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски.

-Секое делување спротивно на статутот е анархија, а анархијата е најголемиот непријател на демократијата. Принципот е дека малцинството го почитува ставот на мнозинството. Инаку ќе биле анархична партија, каде секој прави што сака. Фракционерството не е дозволено согласно статутот, но не дискутиравме за исклучување. Демократијата е да се прифати ставот на мнозинството, изјави Али Ахмети.

На седницата имало извештај за работата на партиските функционери во Владата, за кој мнозиснтвото гласало позитивно.

-Имаше извештај за работата на претставниците во Владата, по што следуваше една сосема отворена дебата по однос на работата на Владата, имплементирањето на законот за јазици, инфраструктурните проекти и воопшто случувањата во земјата. Сакав да ги слушнам, начинот на нивното функционирање. Јас сум посебно заинтересиран владините претставници во коалицијата да имаат добра соработка и тоа се образложуваше на седницата. И се отвори дебата на седницата. По дебатата, извештајот го ставив на усвојување. Од присутните членови на претседателството 26 гласаа за извештајот, шест беа против и тројца воздржани. Тука дебатат беше исцрпена и следниот состанок ќе го свикам зависно од развојот на случувањата, истакна пред новинарите претседателот на ДУИ.

Тој информираше дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.

-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy