Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АХМЕТИ БЕШЕ ПРАШАН ЗА „ВОЈНАТА“ СО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС – еве што одговори: „ЕКОНОМИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ОГРАНИЧУВАЊЕ И ИЗОЛИРАЊЕ“
Економија

АХМЕТИ БЕШЕ ПРАШАН ЗА „ВОЈНАТА“ СО МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС – еве што одговори: „ЕКОНОМИЈАТА НЕ ТРЕБА ДА ИМА ОГРАНИЧУВАЊЕ И ИЗОЛИРАЊЕ“

19/09/2023

AA

На вчерашното интервју на луидерот на ДУИ Али Ахмети, за емисијата 360 степени, која почна да се емитува на Јавниот сервис, се отвори многу интересна тема која долг период ја окупира домашната политичка и економска јавност.

Имено, откако во домашниот бизнис сектор неофицијално се појавија загрижености дека функционери на ДУИ кумуваат на влез во домашните компании, од ДУИ одговорија дека сдтанува збор за „хибриден политичко-економски режим“ во земјава кој работи против ДУИ.

Новинарот Васко Попетрески го прапша Ахмети дали во Струмица расчистил со Заев за тоа дали се во комуникација со Мицковски за влада без ДУИ.

„Заев уште во кампања кога беше во опозиција зборуваше за Влада без ДУИ“, рече Ахмети.

Но, новинарот инсистираше Ахмети да се изјасни дали има информации за поново време, кога Заев беше на власт.

„Ве прашувам бидејќи во политичките кругови се зборува дека Заев и Мицковски биле во комуникација, дека таа не престанала, и дека едно од сценаријата на кои што се обидоа да работат, а веројатно вие сте еден од тие што го растуривте тоа сценарио, беше предвремени избори уште пролетта, брзо фомирање на Влада, а се зборуваше за Влада меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, без ДУИ?“, праша Попетрески.

„Има работи што не можеме да ги споделиме со јавноста“, рече Ахмети.

Новинарот Попетрески на тоа констатираше дека и овој одговор е доволен, и дека граѓаните тоа го разбираат. 

Тој го праша Ахмети дали таа идеја е уште жива, дали живее?

Ахмети рече дека „ако тие идеи не се лечеле, тие живеат повторно“.

А на прашањето кој се обидува да ја лечи таа идеја, Ахмети со одговор

„Не знам дали има лек“. 

Новинарот нагласи дека ова го става во контекст на, како што го нарекоа во ДУИ, „хибридниот политичко-економски режим“ во земјава кој работи против ДУИ.

Еве го одговорот на Ахмети.

„Не сакам да политизирам, ниту сакам да бидам во својство на подметнувач на пожар, но односите помеѓу политичките партии, албански, македонски, помеѓу бизнис класата, во оваа земја политичките партии за стратешки, геополитички прашања, се принудени да имаат платформи, да имаат усогласување на ставовите. Мислам дека исто така и на бизнис класата и треба заедничка платформа, неделива на етничка основа, бидејќи економијата не можеш да ја делиш на економија на едната и економија на другата страна. Не може да напредуваме на етнички основи во економијата. Не може да напредфуваме врз ограничени државни основи. држава без односи со соседите. Значи економијата не треба да има ограничување, не треба да има изолирање, туку треба да биде отворена и за соработка. Во овој правец, секоја тенденција да се етнизира економијата, или да се маргинализира едната страна, сигурно дека е многу штетно. Јас ќе споменам еден сигурен аргумент. Еден поранешен функционер, со голем авторитет, кој беше на чело на државата бп 90-те години, по приватизацијата побара средба со мене, не сакам да го споменам по име, но е авторитет и е во години, доаѓа и ми кажува точни работи, вистинити. ‚Војната во Македонија немаше да се случи, но јас бев висок функционер, и сум згрешил, бидејќи бев на чело на процес за приватизација, и сите средби што ги имавме, биле за тоа како да ги тргнеме Албанците од приватизацијата, како да ги тргнеме Албанците од заедничкото богатство кое беше изградено од тогашната социјалистичка држава. Јас згрешив, да бев праведен и да одлучевме праведно за приватизацијата, сигурно дека тоа ќе се одразеше и во меѓуетничките односи, немаше да ги иритира и револтира Албанците’. Што го деморализира и иритира еден народ? Неправдата. Јас не сакам да релативизирам и да амнестирам, но ако има такви групацуии, грешат. Не случајно ви го кажав ова, и средбата што ја имав не толку одамна, со многу одговорен функционер“, рече првиот човек на ДУИ. 

Прашан дали ова значи дека сака да каже дека таа група е активна уште?

„Тоа е погрешен пристап. Може да има такви луѓе кои мислат дека ете Албанците ни ја земаат државата, економијата, Не, Албанците се дел од оваа држава. Албанците се државјани на оваа држава“, рече Ахмети, споменувајќи го и Коридорот 8. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026
Македонија

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА

17/02/2026
Македонија

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од

17/02/2026
Македонија

ЦУК: Нема нови излевања во Тетово, 250 лица сместени во

17/02/2026
Македонија

НЕМА НОВИ ПОПЛАВИ И ОДРОНИ Се испумпува водата од поплавата

17/02/2026
Македонија

ПОРАДИ СНЕГ ВОВЕДЕНА Е ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА СТРАЖА На

17/02/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ПУКА КАЈ РАДОЖДА, ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ПАНИЧАТ! Воена

17/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО ВО КИЧЕВО, 250 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ВО СПОРТСКА САЛА Поплавите

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41549
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Армијата ќе се засилува со нови 300 припадници

17/02/2026

Министерството за одбрана се подготвува за нов бран вработувања во Армијата. Наскоро ќе биде објавен конкурс за прием на 300

ОД СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА ПАЛЕРМО И ЗА САРДИНИЈА Две нови линии од јули

17/02/2026

Убави вести за сите што сакаат да патуваа, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија. Две нови

ТАВ Македонија и Виз ер најавуваат: Од јули директни летови од скопскиот аеродром до атрактивните дестинации

17/02/2026

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП ја проширува својата мрежа

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy