
Ахмети: Ја почнавме активноста да ја направиме Албанија, но политиките се сменија
Али Ахмети денеска во Меморијалниот комплекс во селото Сопот, каде во 1944 година 64 Албанци од ова село ги загубија животите, порача дека кога почнале активност целта била да се направи Албанија, но политиките се смениле.
Тој рече дека благодарение на прагматизмот што го избрале денес, албанскиот јазик и албанското знаме се официјални и неприкосновени во оваа земја.
„Кога ја почнавме активноста, ја почнавме за да ја направиме Албанија, но политиките се сменија и избравме прагматизам, а не фанатизам. Ние избравме Албанците во Македонија да бидат државотворци, да бидат господари и да се залагаат во сопствената држава, а ова знаме денес е официјално и неприкосновено. Еве ја крвта на стотици војници, патриоти и Албанци. Албанскиот јазик е официјален и неприкосновен“, рече Ахмети.