![Агресивно се однесувал и кршел по дома, мајка му го пријавила во полиција – уапсено лице од Гостивар](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/gostivar-1-850x560.webp)
Агресивно се однесувал и кршел по дома, мајка му го пријавила во полиција – уапсено лице од Гостивар
Ноќеска (13 февруари) околу 3 часот и 30 минути во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 38-годишниот гостиварец Ј.Б, кој претходно бил пријавен од неговата 59-годишна мајка дека агресивно се однесувал во нивниот семеен дом и ја оштетувал покуќнината, а со агресивно однесување продолжил и по приведувањето.
Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.