
Агонијата на Челси продолжува, ама барем постои шанса за поправен (ВИДЕО)
Ова натпреварување е единствена можност за лондонскиот тим да дојде до трофеј оваа сезона, па затоа ќе мора во вториот меч, за две недели на домашен терен да одигра многу подобро и да дојде до триумф кој ќе го однесе до финале. Вечерва можеби можеше да се избори за подобар резултат, имаше 72% посед на топка и упати 17 шута, но не ја затресе противничката мрежа.
Единствениот гол беше дело на Хакни во 37. минута по еден од ретките излети на Челси на противничката половина.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Ливерпул и Фулам кои својот прв натпревар ќе го одиграат утре на Енфилд.

