Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ – до каде е тајванската инвестиција во Македонија
Економија

„ЈАГЕО“ СТЕКНУВА КОНТРОЛА ВРЗ АМЕРИКАНСКИ „КЕМЕТ“ – до каде е тајванската инвестиција во Македонија

24/01/2025

AA

Корпорација Јагео ќе ја купува
американската Кемет. Дали е ова новина или не, но за ова македонската јавност деновиве е известена преку нашата
Комисија за заштита на конкуренцијата, која извести за оваа можна зделка, од
причина што и двете се поврзани со земјава и со направени или планирани
инвестиции на наша територија.

Комисијата за заштита на конкуренцијата извести за можна „концентрација
со која Корпорацијата Јагео од
Република Кина, ќе стекне контрола врз Корпорацијата КЕМЕТ, од Соединетите
американски држави“.

„Согласно
член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на ден 02.01.2025 година, до
Комисијата за заштита на конкуренцијата е доствено известување за концентрација
со која Корпорацијата Јагео, со седиште во Њу Тајпеј Сити, Тајван, Република
Кина стекнува контрола врз Корпорацијата КЕМЕТ, со адреса во САД“, се вели во објавата од Комисијата.

Како што објаснуваат оттаму, еден од учесници во концентрацијата се корпорацијата Јагео, која е лоцирана во Тајван и е друштво кое е специјализирано
за пасивни уреди, односно отпорници,
кондензатори и индуктори.

Од Комисијата за заштита на
конкуренцијата велат дека п
ред
концентрацијата, групацијата на Корпорацијата Јагео не била присутна на пазарот
во Северна Македонија.

За корпорацијата
КЕМЕТ, пак, се нагласува дека е
глобален производител на пасивни електронски компоненти кои се користат во
различни индустрии, вклучувајќи автомобилска, комуникациска, компјутерска,
индустриска, потрошувачка, воена и воздушна, медицинска и индустрија за
алтернативна енергија. Производите на групацијата, односно корпорацијата КЕМЕТ,
вклучуваат повеќеслојни керамички, цврсти и електролитски алуминиумски и
филмски кондензатори и електромагнети, сензори и актуатори.

Корпорацијата КЕМЕТ е
присутна во
Северна Македонија преку друштво во негова целосна индиректна сопственост,
КЕМЕТ Електроникс Македонија ДООЕЛ Скопје, со адреса во Технолошката Индустриска Развојна зона број еден, што значи во Бунарџик.

„Според
подносителите на известувањето релевантниот пазар на стоки и услуги за
предметната концентрација би можел да се дефинира како пазар на производство на
пасивни електронски компоненти. Врз основа на прелиминарното испитување
Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите
на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање
е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават
забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата“, се вели во објавата од Комисијата.

Како што има пишувано Фактор во април 2024 година, тајванскиот инвеститор
„Јагео“, кој во земјава треба да произведува чипови, било
предвидено да добие 45.425.000 евра вкупна државна помош за инвестирањето во земјата. Тоа,
како што пишуваше Фактор, е најголемата одобрена државна помош, според извештајот кој го
објави Државната комисија за заштита на конкуренција.

Инаку, „Јагео“, според нашето пишување, требало да произведува делови и
компоненти за „Тесла“ и „Епл“.

Со тајванската групација договорот беше потпишан во
2023 година во
Тајпеј, како најголема гринфилд инвестиција во Македонија со вкупен износ од
205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет
години. 

„Јагео“ планира да изгради два нови производствени капацитета – едниот во
Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна
близина на метрополата каде изградбата требаше да стартува во текот на
наредната година.

Инаку, во април 2023 година, тогашниот директор на ТИРЗ,
Јован Деспотовски, однесе во Тајпеј група телевизиски новинари, со цел тие да
присуствуваат на потпишувањето на договорот со Јагео.

Тогаш Деспотовски го потпиша договорот со менаџментот
на конзорциумот „Јагео”, а на церемонијата преку видео-конференциска врска се вклучи и експремиерот Димитар Ковачевски.

За „Јагео”
се наведе дека ќе
произведува резервни делови и компоненти за автомобилската индустрија и за т.н.
зелена енергија.

За изградбата на првиот
капацитет беше наведено дека ќе
почне во јули таа 2023 година, во
ТИРЗ Скопје 1, а тогаш се наведе и
дека е предвидено генерално, да се ангажираат наши, локални
добавувачи.

Како што беше речено пред потпишувањето на
Договорот, преговорите за инвестицијата траеле речиси една година, а земјава е
избрана како најдобра во „трката” со останатите од регионот и пошироко.„Со Северна Македонија имаме одлично искуство. Сепак, две работи беа
клучни зошто ја одбравме за нашата инвестиција: увидовме дека е стабилна, со
квалификувана работна сила, а и Владата беше максимално посветена и имаше
исклучително позитивен однос кон нас. Тоа можеби беше и пресудно. Ни излегуваше
секогаш во пресрет и тука беше за секој наш проблем“, потенцира
извршниот директор на „Јагео”, Дејвид Ванг.Но, се досега нема информација за старт на инвестицијата
на Јагео во нашата држава, а практично во својата објава тоа го потврдува и
Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Единствено, во септември минатата година, самите ТИРЗ на
својатавеб страница објавија дека новиоѕт односно сегашниот директор на
Дирекцијата за зоните, Гоце Димовски, „остварил средба со претставници на водечката мултинационална компанија
Кемет, која е во сопственост на ЈАГЕО“, а која како што се
наведе во соопштението, „треба да инвестира во производствени капацитети во некоја од
технолошко индустриските развојни зони“.

На средбата се разговарало за идните планови за
инвестиции на корпорацијата. Директорот Димовски истакнал дека оваа инвестиција
претставува значителен придонес кон економскиот развој на земјава.

„Горди сме што ја избравте Македонија во конкуренција со
останатите држави од регионот и пошироко како локација за проширувањето на
своите операции. Оваа инвестиција е показател за стратешката улога на
Македонија како атрактивна дестинација за странските инвеститори. Истата не
само што ќе донесе нови работни места, туку ќе придонесе и за целокупниот раст
и развој на државата.“ – изјави Димовски.

Од страна на претставниците на Кемет, било изразено особено
задоволство за средбата, надевајќи се на успешна понатамошна соработка, а
Андреас Мејер ја потенцирал важноста на овој проект.

„Оваа инвестиција претставува важен чекор во проширувањето на
глобалните активности во Европа, а во своите нови погони, ќе се произведуваат
електро-компоненти за најразлични индустрии. Македонија нуди одлични услови за
инвестирање, а стратешката локација и квалификуваната работна сила се клучни
фактори за нашето присуство тука. Со новата потенцијална инвестиција,
значително ќе се зајакне нашето присуство на европскиот пазар, создавајќи
можности за нови партнерства и иновации“, истакнал
Андреас Мејер, главен во оперативниот сегмент.

Н.Н.Ф.

Фото: МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy