
„Јагео“ од Тајван ќе биде најголемиот гринфилд инвеститор во Макеоднија
Тајванскиот гигант „Јагео“ ќе виде најголемата гринфилд инвестиција во Македонија од осамостојувањето на земјата, објави МИА.
Договорот во Таилеи, Тајван, денеска ќе го потпише директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски.
Компанијата е основана во 1977 година и денес се смета за еден од најголемите глобални добавувачи во автомобилската индустрија, зелената енергија и електрониката за широка потрошувачка (5G и телекомуникации).
Има 29 продажни канцеларии, 49 производствени локации и 20 центри за истражување и развој во 24 држави во Азија, Европа и САД, а брои 40 000 вработени.
Како што јавува известувачот на МИА од Таипеи, станува збор за досега најголемата гринфилд инвестиција во земјава од осамостојувањето.
Церемонијата на потпишувањето ќе се одржи во седиштето на компанијата, а утре делегацијата што ја предводи Деспотовски ќе има можност да ја посети фабриката на „Јагео“ во Каошунг.
