Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции
Економија

АГЕНЦИЈАТА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ НАСКОРО СО НОВ ДИРЕКТОР – Владата со повеќе огласи за раководни позиции

18/03/2025

AA

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот наскоро ќе има нов директор или директорка. Дали сегашната в.д. директорака ќе остане на истата позиција, или ќе биде назначен нов шеф на оваа институција ќе видиме наскоро. 

 Владата распиша оглас со кој бара кандидати за директорското столче на Агенцијата, но се бараат и кандидати за заменик директори на неколку институции, како Управата за финансиска полиција, потоа на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, како и на Државниот завод за индустриска сопственост. 

Согласно огласите поставени на веб страната на Владата, се бра пополнување на повеќе раководни позиции, а во огласите се забележува дека генерално условите кои треба кандидатите да ги исполнат се слични. 

 Кандидатите кои ќе сакаат да конкурираат на позицијата директор на Агенцијата за промоција на туризмот, ќе мора да се државјани на Македонија, да имаат високо образование, со петгодишно работно искуство, како и солидно познавање на еден од светските јазици со светски признат документ.
Покрај општите услови, кандидатите имаат и дополнителни документи за пополнување, а меѓу другото ќе треба да го опишат и нивниот кариререн развој, проследено со планови за развој на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, да ги покажат своите знаења за законодавството во областа, да имаат концепт за развој на институцијата, ризиците со кои очекуваат да се соочат… 

На позицијата в.д. директор на Агенцијата моментално е Билјана Стефаноска, од средината на месец септември минатата година. Дали таа ќе остане на оваа позиција, ќе дознаеме наскоро. 

Што се однесува пак до канидадите кои сакаат да бидат заменик директори и тука се сличните услови како и за директорските позиции. 

 Заменик директот на Управата за финанскиска полиција на позицијата ќе може да остане четири години, и има право на втор мандат. Кандидатите треба да се државјани на Македонија, да немаат правосилна пресуда – забрана за дејност. Треба да имаат и високо образование и минимум пет години работно искуство. Се бара и сертификат за еден од светските јазици, англиски, француски, германски или англиски, на ниво Б2.
И за овој оглас, како и за директорската позција во Агенцијата, треба кандидатите да пополнат дополнителни документи, меѓу кои и плановите за иден развој на институцијата, познавањето на областа во која ќе работат, очекувања за ризици со кои би можеле да се соочат… 

Канидидатите кои сакаат да конкурираат на позицијата заменик директор на Агенцијата за за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој исто така имаат можност да се задржат на позицијата четири години. Како и претходните позиции, и овие заинтересирани треба да се државјани на Македонија, без судски забрани, со високо образование и доказ за познавање некој од светските јазици. Но исто така треба да имаат петгодишно искуство во областа, и да пополнат дополнителни барања на Владата. 

Истите услови важат и за позицијата заменик директор на Државниот завод за индустриска сопственост, кој има право на мандат од четири години. Како и за претходните се бара високо образование, без судски забрани, со сертификат за странски јазик не постар од пет години.
Владата изминатиот период објави повеќе огласи за промена на директориски позиции на повеќе институции, ова е само дел од низата на смени кои се спроведени. 

П.О.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy