Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ОДИ“ ВО ИСТОРИЈА: вработените не остануваат на улица – еве кои други ќе бидат „под капата“ на Министерството
Економија

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА „ОДИ“ ВО ИСТОРИЈА: вработените не остануваат на улица – еве кои други ќе бидат „под капата“ на Министерството

10/07/2024

AA

Агенцијата за
енергетика наскоро ќе престане да постои
, согласно предлогот на неколку
пратеници за престанување на важењето на оваа институција. Предлогот на Бојан
Стоајноски, Дафина Стојаноска, Драгана Бојковска, Ели Панова и Марија Митева е надлежностите на Агенција да се пренесат
на Министерството за енергетика,
рударство и минерални суровини.

Оваа институција
во иднина ќе подготовува среднорочни и долгорочни стратегии и развојни планови
и програми. Исто така и грижата за енергетска ефикасност и користење обновливи
енергетски извори ќе ја преземе новото министерство,
заедно со активности за инвестициони
проекти, а ќе бидат надлежни и за регионална соработка…

Планот е опремата,
инвентарот, архивата, документацијата, средствата за работа и другите средства
на Агенција за енергетика да се пренесат на Министерството на денот на
влегување во сила на овој закон. Истото ќе се случи и со вработените.

– 
Вработените
од Агенција за енергетика се преземааат во Министерството за енергетика,
рударство и минерални суровини согласно актите за организација и
систематизација. Со влегување во сила на овој закон престанува мандатот на
директорот и членовите на Управниот одбор на Агенцијата. Договорите за
вработување на определено време, авторските договори и договорите на дело
склучени до денот на влегување во сила на овој закон, со денот на влегување во
сила на овој закон престануваат да важат
– се нагласува во законот кој ќе се
применува по објава во Службен весник.

Но, покрај оваа
измена, во Собранието на предлог на истите пратеници доставени се повеќе законски измени, поврзани со формирањето на новото министерство кое
ќе го раководи Сања Божиновска.

Па така, под „капата“
на ова министерство ќе влезе грижата за нафтените резерви, за што ќе биде
именуван директорот на Агенцијата за задолжителни нафтени резерви по претходна
согласност на Министерството
. Меѓу неговите надлежностите ќе бидат и
ингеренциите за контрола на предметите од скапоцени метали, нивниот состав и
содржина (финост), начинот на нивното испитување, жигосување, условите за
пуштање во промет и надзорот.

Државниот
инспекторат за техничка инспекција ќе се трансформриа во Државен инспекторат за
енергетика, рударство и минерални суровини како орган во состав на
Министерството
за енергетика. Исто така и Геолошкиот завод на Република Македонија, како
и Бирото за метрологија ќе преминат
под ингеренциите на новоформираното
Министерството.

Во негови ингеренции
ќе бидат и надлежностите за миниералните суровини.

– 
Со
Законот за минерални суровини се уредуваат: условите и начинот на вршење
геолошки истражувања, поттикнувањето и унапредувањето на геолошките истражувања
со цел да се обезбеди нивна оптимална искористеност во согласност со начелата
на одржлив развој и заштита на животната средина,поттикнувањето и
унапредувањето на експлоатацијата на минералните суровини… – се нагласува во измените на Законот за
минерални суровини доставен во собрание согласно кое сега овие надлежности исто така се
под Министерството за енергетика.

П.О.

Фото: Фактор/Архива

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања

06/10/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го

06/10/2026
Македонија

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО РАСПИТА ФИЛИПЧЕ ЗА НАБАВКАТА НА ХЕЛИКОПТЕРИ ИЗВРШЕНА

06/10/2026
Македонија

АДВОКАТОТ СТАФА НЕГИРА ДЕКА ДАЛ ПОТКУП НА СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ

06/10/2026
Македонија

ГРУБИ НУДИ 335.707 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ЗА ДА МУ СЕ ВРАТИ

06/10/2026
Македонија

ВРЕМЕНО СЕ ЗАПИРА ВАКЦИНАЦИЈАТА СО БСЖ Користиме иста бугарска вакцина

06/10/2026
Македонија

НАД 4.500 ЛАЖНИ КОРИСНИЦИ ОТКРИЕНИ ВО СОЦИЈАЛНАТА ПОМОШ Околу 25

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46006
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КУП ДРОГА ПРОНАЈДЕНА КАЈ ОСУДЕНИЦИ ВО ИДРИЗОВО Одземени 25 пакувања со кафеава прашкаста материја и

06/10/2026

Во Казнено-поправната установа Затвор Идризово при претрес на осудениците Е.Т. (34) од Скопје и А.С. (37) од тетовско биле пронајдени

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ЛОВИ ВОЗАЧИТЕ СО ТЕЛЕФОН ВО РАЦЕ Оставете го мобилниот, фоксуирајте се на патот,

06/10/2026

Од 5 до 11 октомври во Македонија се спроведуваат засилени сообраќајни контроли за непрописно користење мобилни телефони, слушалки и други

ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето

06/10/2026

Двајца мажи се повредени во обид да изгаснат пожар што избувнал во камп-приколка во авто-камп на охридското крајбрежје. Пожарот избувнал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy