Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агелер: Граѓаните знаат кои се корумпираните актери во земјава, се надевам институциите ќе преземат мерки
Македонија

Агелер: Граѓаните знаат кои се корумпираните актери во земјава, се надевам институциите ќе преземат мерки

20/11/2023

AA

Нема правна обврска за институциите да преземат акција, но се надевам дека меѓу институциите кои веќе знаат дека има корупција во овие случаи, дека навистина ќе преземат нешто, бидејќи луѓето во оваа земја треба да бараат и заслужуваат оваа корупција да биде следена, истражувана и гонета, вели амбасадорката на САД Анџела Агелер.

Зборувајќи за минатонеделното ставање лица и компании на „црната листа“ на САД, Агелер во интервју за телевизија Телма, вели дека е интересно тоа што секој пат кога назначуваат луѓе за корупција во оваа земја, секој граѓанин и секој пријател со кој разговара, вели: „се разбира“.

– Затоа што луѓето знаат, знаат кои се корумпираните актери во земјава, нагласува Агелер.

Во назначувањата кои ги видовме досега, посочува амаериканската амбасадорка, корупцијата нема тенденција да остане во една држава.

-Балканот е област која е многу поврзана и секако тоа го видовме и со назначувањата тука, но мислам дека една од важните поенти кои ги нагласивме во нашата објава минатиот четврток, кога беа објавени назначувања, е дека со кого правите бизнис, може и ќе ве погоди и вас и вашето семејство, дали се во оваа земја, или на друго место во регионот, изјави Агелер.

Агелер, меѓу другото, во интервјуто нагласи дека САД и амбасадата на САД работат многу посветено повеќе од 30 години, да го поддржат судството, на сите нивоа.

– Силно и јасно сме посветени на поддршката на институцијата, на правосудството, а не само на поединечен судија. Врховниот суд за оваа земја, и за мојата е неверојатно моќен симбол, тоа е „последниот бедем“, како што велиме ние, и од она што го дискутирав со судиите е колку е важно за сите нив, индивидуално и како тело да го следат правото кога ги донесуваат одлуките, за луѓето во оваа земја да разберат, како и зошто се носат тие одлуки, изјави Агелер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy