Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Агелер добила уверување од Владата дека нема да биде раскинат договорот со „Бехтел и Енка“
Економија

Агелер добила уверување од Владата дека нема да биде раскинат договорот со „Бехтел и Енка“

14/07/2024

AA

Американската амбасадорка Ангела Агелер во интервјуто за „Програма 200“ на ТВ Алсат рече дека добила уверување од новата Влада дека нема да се раскине договорот на „Бектел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д.

Претходно самиот министер за транспорт и врски Александар Николоски рече дека раскинувањето на договорот со изведувачот би „било душмански“, но дека ќе се преговара со американско-турскиот конзорциум „да се ќари некој километар повеќе“.

Агелер во интервју за Програмата 200 во Алзас рече дека целта на САД е да ја поддржат земјата не се мешаат во внатрешните работи на земјата, како одговор на реакцијата на премиерот Христијан Мицкоски дека „станува практика амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата“, мислејќи на правосудните реформи.

„Се надевам дека не мислеше на мене. И никогаш не ни е намера да се мешаме.  Одлуките што се носат во Судскиот совет, или искрено, во кое било друго тело во судството, се одлуки кои ги носат само лидерите на оваа држава. Не кажуваме кој да седи на ниту еден суд. Не кажуваме кој треба да биде член на ниту еден совет. Дали корупцијата е широко распространета во судството? Да. Кога јавната поддршка и доверба во судството е 2 отсто, тоа е одвратно. Ова е обвинение за процесот“, изјави Агелер.

Во врска со уставното име на земјата, Агелер рече дека САД јасно ставиле до знаење дека мора да се почитуваат меѓународните договори за земјата да оди напред.

Според неа, дебатата за употреба или неупотреба на уставното име е оттргнување на вниманието од прашањата кои се важни за гласачите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Безживотно тело пронајдено во шахта во гостиварско – предадено на

31/01/2026
Македонија

„СУДСКИТЕ ОДЛУКИ ВО БУГАРИЈА НЕ СЕ ИГНОРИРААТ… ЦЕЛО ВРЕМЕ“ Ваков

31/01/2026
Македонија

Две измами врз стари лица за лажни сообраќајки и лажно

31/01/2026
Македонија

ВО „ЖАН МИТРЕВ“ НЕМАЛО НЕОПРАВДАНИ КАРДИОЛОШКИ ОПЕРАЦИИ Клиниката вели дека

31/01/2026
Македонија

РЕНОВИРАНА ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО Најавени и други инвестиции

31/01/2026
Македонија

Над 45.000 студенти ја искористија владината поддршка за електронски уреди

31/01/2026
Македонија

Филипче од Загреб: Без социјалдемократија нема европска иднина

31/01/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ЈА ОСУДИ ПРЕСУДАТА ЗА НОВИНАРКАТА ВЕЈСЕЛИ Ја смета за

31/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40871
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Безживотно тело пронајдено во шахта во гостиварско – предадено на обдукција!

31/01/2026

Трагичен настан бил пријавен вчера попладне во гостиварското село Дебреше, каде што било пронајдено безживотно тело на 75-годишен маж. Како

„СУДСКИТЕ ОДЛУКИ ВО БУГАРИЈА НЕ СЕ ИГНОРИРААТ… ЦЕЛО ВРЕМЕ“ Ваков одговор добила европратеничката Јовева од

31/01/2026

„Судските одлуки во Бугарија не се игнорираат… цело време.“ Така бугарскиот министер за правда „одговори“ на моето прашање. За момент

Две измами врз стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари во Штип

31/01/2026

На 30.01.2026 година, во СВР Штип биле пријавени два случаи на измама извршени врз повозрасни лица од Штип. Првиот случај

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy