
Агелер: „Бехтел“ е почитувана компанија, нема врска со консултантот
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, во своето синоќешно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, рече дека американскиот оператор „Бехтел“, инаку дел од конзорциумот кој ќе ги гради автопатите на Коридор 8 и 10д, е почитувана компанија која нема никакво влијание на изборот на консултантот.
За надзорникот што беше ангажиран за надзор на изградбата ќе бидат платени над 20 милиони евра, а многу медиуми во ангажманот на фирмите за соработка виде можност за корупција.
„Многу сме задоволни што ја имаме оваа добро позната и почитувана американска компанија „Бехтел“, која ја покажа својата стручност и способност да завршува проекти со висок квалитет и глобален стандард, во временски рамки и во рамки на буџетот од претходно, како што видовме во Косово со нивниот фантастичен проект таму и проектот на кој работат во Србија. Многу сме среќни што имаме американска компанија присутна во најголемиот инфраструктурен проект.
Ова е одвоено од обвиненијата против советниците за финансиски трансакции. Она што постојано го кажуваме е дека доколку има наводи за корупција, истражете ги. Истражете ги сомнежите и доколку се вистинити, покренете кривично гонење! Но, многу сме сигурни дека тие не се за „Бехтел“, изјави Агелер.

