Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Африм Гаши: Компромис е можен, но прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците
Македонија

Африм Гаши: Компромис е можен, но прво да завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците

01/02/2023

AA

Откако ќе завршат преговорите помеѓу СДСМ и Алијанса за Албанците ќе разговараме за останување или напуштање на владината коалиција. Ние сме за компромис и околу распределбата на ресорите. Оваа изјава ја даде Африм Гаши лидерот на Алтернатива на паузата од состанокот со членството во Гостивар.

Гаши напомена дека партиските органи ќе одлучат за останување или излегување од владата. Доколку Алијанса биде владин партнер и Алтернатива остане, според Гаши има начини и канали за комуникација и соработка, бидејќи како што нагласи, Алтернатива е кооперативна партија.

Во врска со шпекулациите дека има условувања за останување или напуштање на Владата на прашање на МИА да даде оценка или партиски став, лидерот на Алтернатива вели дека како партија се исправени пред тој предизвик, но, како што рече, за жал или за среќа ќе почекаат да видат како Алијанса за Албанците ќе ги води преговорите со СДСМ за влез во Влада.

-Доколку се постигне договор помеѓу нив, ние ќе погледнеме дали е чепнат и дали тоа го засега нашиот договор за влез во Владата, истакна Гаши.

Од позиција на прв човек на партијата, тој нагласува дека Алтернативата засега нема црвени линии за коалициските партнери и дека е подготвен е на компромис за отстапување на некои министрски позции.

Партиското раководство на Алтернатива вечерва има состанок на кој меѓу другото се разговара и за натамошните чекори кои би се презеле при евентуален влез на Алијансата за Албанците во Владата.

Тој потсети дека нивното придружување во владината коалиција било поставено на два главни столбови: политичкиот договор од девет точки и преземање на одговорности и функциите кои требаше да ги преземат.

Појасни дека на овие состаноци со членството ги дискутираат можните импликации од останување или напуштање на коалициската Влада.

Гаши напомена дека во моментов нема никаква понуда за која би се разговарало во партијата за се донесе заклучок и да се разговара со идните коалициски партнери

Првиот човек на Алтернатива на прашањето зошто денеска го одбраа Гостивар и дали тоа има некоја посебна порака истакна дека ова се редовни партиски активности преку кои потесното раководство е во контакт со членството и ограноците и не се во корелација со актуелните политички збиднувања. Минатата недела, рече, бевме во Тетово, оваа недела сме во Гостивар, за наредната ќе се договориме.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy