Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џафери: Со Националната развојна стратегија го трасираме развојниот пат на Северна Македонија во следните две децении
Македонија

Џафери: Со Националната развојна стратегија го трасираме развојниот пат на Северна Македонија во следните две децении

22/02/2024

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска се обрати и ја водеше првата конститутивна седница на Националниот совет за развој.

Во продолжение ви ја праќаме интегрално изјавата на премиерот Џафери:

„Почитувани членови на Националниот совет за развој,

Имаме историска шанса да работиме на најсеопфатниот стратешки документ од осамостојувањето на државата – Националната развојна стратегија, документ со кој ќе се трасира развојниот пат на државата за следните 20 години.

Процесот на подготовка на Националната развојна стратегија беше започнат во јануари 2021 година, на иницијатива на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и со учество на Министерството за финансии и други институции во рамки на Владата, Фатмир Битиќи и Фатмир Бесими.

Воспоставена е оперативна структура во рамки на Генералниот секретаријат за поддршка на Националната развојна стратегија.

Националната развојна стратегија, ја отсликува инклузивноста на нашата држава. Овој процес се подготвуваше скоро три години, во што учествуваа околу 14.000 граѓани, повеќе од 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, претставници на стопанските комори, граѓански организации, над 500 претставници од маргинализирани и ранливи групи, како и повеќе од 1000 млади и членови на младински организации.

Националната развојна стратегија опфаќа економски, социјални, еколошки и културолошки аспекти на развојот на нашата држава во следните две децении.

Со Националната развојна стратегија, се отвораат можности, но и се создаваат капацитети за отпорност на општеството за справување со зголемената несигурност и ризици во светски рамки, како и за справување со глобалните трендови, како што се климатските промени и дигиталната трансформација.

Сега имаме патоказ по кој ќе креираме во каква држава сакаме да живееме, какво општество ќе изградиме во следните 20 години.

Процесот се спроведува со експертска и техничка помош од УНДП, во координација со Канцеларијата на постојаниот координатор на Обединетите нации, Амбасадата на Обединетото кралство и Амбасадата на Република Словачка.

Во рамки на стратегијата се утврдени 6 (шест) стратешки области со стратешки цели и приоритети за секоја од нив.

По спроведен интензивен консултативен процес, донесен е Законот за Национална развојна стратегија од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 06.02.2024 година, со поддршка на пратениците од власта и опозицијата од речиси сите политички партии кои се застапени во законодавниот дом.

Истиот е објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“, на 09.02.2024 година.

На 4-та седница на Владата одржана на 13.02.2024 година, донесена е Одлука за формирање на Националниот совет за развој, како дел од управувачката структура за Националната развојна стратегија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy