Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џафери: Работиме на изедначување, унапредување и вреднување на жената како рамноправен член во општеството
Македонија

Џафери: Работиме на изедначување, унапредување и вреднување на жената како рамноправен член во општеството

08/03/2023

AA

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска претседаваше со Првата пленарна седница за унапредување на родовата еднаквост на која се разгледуваше Информацијата за напредокот за родовите прашања во последните две децении во земјава. Настанот се одржа на јубилејната 20-годишнина од формирањето на Клубот на пратенички.

На седницата, покрај редовниот пратенички состав, поканети беа и министерките и заменичките министерки во Владата, поранешни министерки и пратенички во периодот од 2003 година, претставниците на дипломатскиот кор и претставниците на домашните и меѓународните невладини организации како НДИ, ОБСЕ и UN Women.

Џафери во својот воведен збор ја поздрави работата и успесите на Клубот на пратенички во минатите 20 години. Тој посочи дека во законодавниот дом се усвоени исклучително значајни законски измени кои биле во насока на изедначување, подобрување, заштита, унапредување и вреднување на статусот и придонесот на жената како рамноправен член во општествената заедница за да нема дискриминација, нееднаквост, ексклузивност на мажите наспроти жените и последната новина, односно, Родово одговорното буџетирање.

Собранискиот претседател упати порака до сите жени – да бидат гласни, храбри, бестрашни водилки во градењето на похумано, демократско и рамноправно општество, во кое важноста, вредноста и придонесот во семејството, општеството и државата е неприкосновена.

Како што информираат од собраниската прес-служба, дополнителна активност за одбележување на 8 Март беше и пригодната свеченост која се одржа во Кристалната сала и на која претседателот Џафери истакна дека Клубот на пратенички е уникатен спој на моќ и здружување на различни политички сили во една и единствена опција за подобар, похуман свет и изрази почит за досега постигнатите успеси на Клубот.

На свеченоста, како што се посочува во соопштението, се обратија и други присутни а беа доделени и благодарници за дадениот придонес. Својот поздрав го заврши со упатување на честитки за Меѓународниот ден на жената на сите припаднички на женскиот пол.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy