
Џафери пресече: Мора да има премиер Албанец!
Претседателот на Собранието, Талат Џафери вечерва на ТВ21 порача дека мора да има премиер Албанец 100 дена пред избори.
„Нема компромис за ова, премиерот мора да биде Албанец 100 дена пред избори. Ова е политички договор помеѓу СДСМ и ДУИ, за ова сме договорени и така ќе биде. За ова знаат и во СДСМ и немаат ништо против“, порача Џафери во Клик Плус.