Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Џафери: Постои потенцијал Украина да го признае Косово
Македонија

Џафери: Постои потенцијал Украина да го признае Косово

08/11/2023

AA

Претседателот на Собранието, Талат Џафери смета дека постои потенцијал Украина да „размисли позитивно“ за признавање на независноста на Косово. Ова го кажал тој во гостувањето на косовската „Teve1“.

Џафери вели дека Украина во моментов, поради воената состојба, нема простор конкретно да се занимава со прашањето за признавањето, но додава дека можат „во одреден временски контекст“ да размислуваат за признавањето на Косово.

Констатирајќи дека во Прага на последниот состанок на Кримската платформа, на која се собираат парламентите на земјите, не се зборувало за тоа, поради ситуацијата во самата Украина.

„Тие во моментов го немаат луксузот да се занимаваат со тоа прашање, но сепак мислам дека има потенцијал позитивно да се размислува за ова прашање“, рекол Џафери, пренесува „Kosovo Online“.

Како што вели, потребен е и соодветен одговор од Косово на настаните во Украина, без да се земе предвид признавањето.

„Треба да се оценат настаните, да се осудат постапките на Руската Федерација и да се даде поддршка на Украина. Ова е почетната точка на официјалната комуникација меѓу двете земји, без разлика што тие официјално не се признаваат меѓусебно“, посочил Џафери.

Околу состојбите во Косово и преговорите со Србија, претседателот на македонското Собрание вели дека Заедницата на српските општини не треба да биде трето ниво на власт.

„Се согласувам со фактот дека не треба да има елементи на извршната власт, односно елементи кои го попречуваат практичното спроведување. Кога велиме извршни елементи, тоа е третата власт, субјектот е тој што одлучува и мора да има целосна автономија на одлучување“, кажал спикерот на македонскиот парламент.

Тој додал дека општините во Македонија немаат извршни овластувања да го спречат спроведувањето на одлуките на централната власт.

„Општините во Република Северна Македонија имаат извршна автономија за овластувањата утврдени со Уставот и закон, општините имаат право на Заедницата на општините на локалната самоуправа, но во контекст на функционирањето на државата, немаат извршни овластувања да го спречат спроведувањето на централните одлуки на државата“, истакнал Џафери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима

20/02/2026
Македонија

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ

20/02/2026
Македонија

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене

20/02/2026
Македонија

НЕМА ПРЕДВРЕМЕНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ Владината реконструкција најдоцна до јуни

20/02/2026
Македонија

УТРЕ ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО И ПОСТУДЕНО ВРЕМЕ Следните денови пораст на

19/02/2026
Македонија

ЛЕНЧЕ РИСТОСКА ОТПАДНА ОД КОНКУРЕНЦИЈА Нема да биде државен јавен

19/02/2026
Македонија

Хоџа: Делегација од Турција со 30 бизнисмени заинтересирана за инвестиции

19/02/2026
Македонија

Десетмина пред суд по заплената на пет тони марихуана во

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41686
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ДИВЕЕЊЕ ПО УЛИЦИТЕ „Безбеден град“ дневно снима од 500 до 800 прекршоци

20/02/2026

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во синоќешното гостување на ТВ21, рече дека е горд на имплементација на новиот систем

ДОСЕГА 10 ПРИВЕДЕНИ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПЕТТЕ ТОНИ МАРИХУАНА ФАТЕНИ ВО СРБИЈА За двајца е

20/02/2026

Десет лица се приведени во рамки на истрагата за петте тони марихуана откриени во Србија. Попладнево лицата се изведени пред

ОПОЗИЦИЈАТА Е ИЗГУБЕНА ВО СВОЕТО ПОЛИТИЧКО МОЧУРИШТЕ Нападите кон мене ги гледа како сламка за

20/02/2026

Имаме опозиција која е изгубена во своето политичко мочуриште и се обидува преку ад-хоминем напади да се догребе до некоја

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy